Спектакл во чест на 125 години Лацио

Фудбалскиот клуб Лацио, еден од најстарите во Италија, слави 125-ти роденден. На плоштадот на слободата (Piazza della Libertà) во Рим се собрале околу десетина илјади тифози на Лацио кој одбројувале пред полноќ. Вечер исполнета со многу огномети, пиротехника, шалови и песна. Среќен роденден Лацио!

По стара традиција, ултрасите на Лацио се собрале вечерта на 8-ми кон 9-ти јануари во чест на роденденот на омилениот клуб.

Лацио е основан во Рим на 9-ти јануари 1900-та година како Societa Podistica Lazio (Тркачко друштво Лацио). Клубот бил основан на истото место на Пјаца дела Либерта, кога на камена клупа група млади ентузијасти на чело со Луиџи Биџарели, брат му Џакомо Биџарели, Одоакр Алоизи, Артуро Балестиери, Алчесте Грифони, Џулио Лефевре, Галилео Маса, Алберто Мезонес и Енрике Венер се собрале со цел да основаат спортско друштво.

Во нивна чест, на прославата на 100-годишнината од основањето на Лацио, во 2000-та година на Пјаца дела Либерта било поставено спомен обележје со нивните имиња.

На почеток клубот го нарекле Societa Podistica Romana но изборот паднал на Лацио, со цел да не се повторуваат со другите градски спортски клубови (например со Societa' Ginnastica Roma). А и со цел да се рашират вон пределите од централното градско подрачје и да привлечат нови следбеници.

Називот бил инспириран од историскиот регион Лациум како уважување на древната латинска цивилизација во тој крај.

Тифозите на Лацио за време на последното дерби со Рома одиграно во неделата кое Рома го доби 2:0, имаа спектакуларна кореографија со голем брод како плови по бурно море и натпис: „Од 1900-та владетели на нашата судбина, капетани на нашата душа“.

Интересни се ликовите кои се нацртани на бродот. Меѓу нив и едно познато лице:

9 јануари 2025 - 11:12