Тензии во Вардар, Миленко им забранил влез на Комити во тренинг центарот

Меѓу извршниот директор на ФК Вардар, Миленко Неделковски и навивачите кои поседуваат 15% од акциите на клубот, дефинитивно не одат работите. Вратата денеска била затворена за вториве.

Комити објавија дека им бил забранет влезот на сите официјални членови на маркетинг тимот на клубот и дека тоа е спротивно на договорот потпишан помеѓу „здружението 35 години Вардарци“ и сопственикот Атила Бижен Жалили.

Поради тоа решија да направат блокада во тренинг кампот со цел да се почитуваат одлуките произлезени од договорот кои го имаат со извршниот директор Миленко Неделковски.

Соопштението на Комити:

„СИТЕ ВО ХИПОДРОМ-ВЕДНАШ!

Во знак на револт и протест, ги повикуваме ВЕДНАШ сите наши членови, екипи и навивачи на клубот, да дојдат пред тренинг кампот во Хиподром.

Денес им беше забранет влезот за сите официјални членови на Маркетинг тимот на клубот, како и за сите останати членови на групата!

Нашиот одговор е јасен:

НЕМА ДА БИДЕ ДОЗВОЛЕН ВЛЕЗ/ИЗЛЕЗ додека не се решат сите проблеми во клубот и не се испочитува договорот потпишан помеѓу Здружението ,,35 години Вардарци" и Атила Бижен Жалили!

СИТЕ ЕКИПИ - СЕКОЈ ЧЛЕН!

СИТЕ ПРЕД ТРЕНИНГ КАМПОТ!“

Комити: Во влада ни рекоа или Миленко ќе биде во ФК Вардар или Вардар нема да постои

11 јануари 2025 - 21:42