Offside

Весна Витанова e екс македонска репрезентативка и прва жена од Македонија со лиценца за тренер на УЕФА и ФИФА. Во само неколку реченици ја објаснува филозофијата на игра на Шпанците.

Графити во Мајнц во чест на легендарниот број 4

Мајнц не го заборава Николче Новески. Бундеслигашот направи неколку графити со кој потсети колку нашиот стопер им беше важен во тимот. Николче Новески мина една ера во Мајнц за кој има преку 300 настапи и 12 гола, а беше и долгогодишен капитен на клубот. Настапуваше во периодот 2004-2015, а првите четири години тренер му беше Јирген Клоп.

Пак копаа околу белата точка, па Хари Кејн промаши пенал

Баерн Минхен потешко од очекувањата го совлада Волфсбург на гости 0-1, со голот на Мајкл Олисе. Хари Кејн имаше шанса уште во 36' минута да го отвори резултатот ама играч на Волфсбург му копаше дупка на пеналтикот. Сезонава имаше дури три вакви случаи. И никој не беше казнет.

Пеп Гвардиола има порака до „чеканите“

Манчестер Сити не се предава. Откако со 3-0 го совладаа Брентфорд, пак му дишат во врат на Арсенал. Сити е втор со 74 бода, „топџиите“ се први со 76. Денес Арсенал гостува кај градскиот ривал Вест Хем кој жестоко се бори за опстанок во Премиер лига. Во моментов се под цртата и испаѓаат. Им треба победа. Пеп им ја посака:

Кандидат за гол на сезоната во Турција

Во баражот за пласман во прва турска лига, во втората лига играле Мардин 1969 и Муспор. Домаќините победиле 2-1 со головите на Озтурк и Ачер. Вториов дал еврогол кандидат за гол на сезоната во Турција.

Ненормален насилен испад на младински меч во Бразил

Бразил е земја на фудбалот, ама не важи повеќе после клипов. Пресметкава на меч од У-17, од фудбалска станува крвничка. Обрнете внимание што ќе направи една нинџа на аут линија.

Торцида им го запали ударниот транспарент на Бед Блу Бојс среде Максимир

Динамо Загреб со 2-0 го совлада Хајдук Сплит и ја потврди шампионската титула во хрватската лига. „Модрите“ имаат 82 бода и се први, а Хајдук има 64 бода на второ место. На трибините беше поинтересно отколку на терен. Бед Блу Бојс и Торцида се препукуваа со пароли и скандирања, но ситуацијата кулминираше кога гостите го запалија ударниот транспарент на Бојси.

Убав гест на Охриѓани, шампионот го пречеквит со шпалир

Клупскиот ракомет оди напред во Македонија и создава четворка која допрва очекуваме да носи квалитет, неизвесност и возбуда. Еурофарм Пелистер лани беше првак, а сега Вардар. Алкалоид е актуелен освојувач на Европскиот Куп на ЕХФ, а годинава таму финале обезбеди Охрид кој за трофејот ќе се бори со Татабања. Кој вели дека имат анимозитет меѓу охриѓани и скопјанишчана? Класа потег направија во чест на тазе шампионот. Браво.

Комити јасно и гласно се изјаснија за Васил Рингов

Фудбалерите на Вардар го добија Силекс со 2-1 и се на чекор до освојување на титулата. Комити се појавија со парола Јужна трибина - Васил Рингов и го скандираа името на легендата на Вардар од 80-те, со што ја поддржаа иницијативата на клубот, името на Јужна да се вика по него. И Масар Омерагиќ се произнесе.

Вардар за пензија на Рингов му дал само топка, а Пикси му донел позлатена макета од Маракана

Во најновата епизода на подкастот Пресинг, Срѓан Ивановиќ како автор на биографијата „Фудбал под сенка“, објавена постхумно за легендарниот Васил Рингов, раскажува како Црвена Ѕвезда покажала поголема почит кон Рингов кога тој ја завршувал кариерата и покрај тоа што никогаш не играл за нив.

Сиромашкиот уште се нервира за Меси

Прво почна иронично да им враќа во негов стил (а зошто побогу воопшто се замара???), за потоа да се фати за таквото. 50 видеа има вакви откако е отиден во Саудиска Арабија. На 41 факинг година е фит, ита кон 1.000 голови и 'ќе игра на шесто Светско и уште не се научи да игнорира провокации.

На чичо внучето со 22 Гренд слема

Дефанзивецот на Мајорка Мигел Анхел Надал дава интервју откако неговиот клуб обезбеди пласман во Ла Лига. На 3 годишново дете му е чичко. Останатото со детево е историја.

Еден редар поштено си ја работи работата и пак крив

Германски Фрајбург ја има најубавата фудбалска бајка сезонава. Бундеслигашот со 3-1 ја совлада Брага во полуфинале на Лига Европаи после поразот од 2-1 во Португалија, со вкупен резултат 4-3 оди во прво историски финале во клупската историја. Брага уште од 7' минута играше со играч помалку по директниот црвен картон кој го доби Марио Дорхелес. Навивачите влетаа во терен да слават а сите редари се тргнаа освен еден.

Хаос во Колумбија, не помагаат ни 9 прстени полиција

Во рамки на 4. коло од второто по ранг натпреварување во Јужна Америка, Копа Либертадорес, на дуелот меѓу Индепендиенте Медељин и Фламенго уште на стартот домашните навивачи направиле голем хаос. Судијата ги однел играчите во соблекувална, го прекинал натпреварот поради дивеењето на навивачите.

Шпанија ја доби битката со Германија за екстра место во ЛШ

Сезоната 2026/2027 ќе брои пет шпански претставници во Лига на шампиони. Работата ја заврши Рајо Ваљекано, а најмногу се радува Бетис.

Чкембари до ракометарите: Еден ебан денар од ПСЖ наваму не сте заслужиле

На Чкембари им дојде преку дур. Со жестоко соопштение реагираа до Еурофарм Пелистер, кој синоќа во Јане Сандански го положи оружјето несвојствено со 15 гола разлика (34-19).

Навивачите на Легија Варшава се надминаа себе си со кореографијата

„Neverending story" гласи паролата на најновата кореографија на навивачите на Легија. Колку моќно и содржајно. Добро, колку труд и време е потребно за ваква шаренолика навивачка претстава? Страшно добро изгледа. Направете документарец за тоа како се правело ова ремек дело.

Принцот Вилијам полуде од радост на стадион

Популарниот принц Вилијам е голем навивач на Астон Вила и често се наоѓа во ложата на „Вила Парк“. Синоќа во Бирмингем екипата предводена од маестралниот Унаи Емери со 4-0 го декласираше Нотингем Форест во полуфинале на Лига Европа и обезбеди пласман во големото финале каде ќе игра против големото изненадување Фрајбург. Вилијам бурно го прослави секој погодок.

Романците се држат за глава, го добија голот на сезоната

Алин Течереш од Сепси се отвори со рабона мајсторија на гостувањето против Стеауа Букурешт. Збеснаа сите на голот, од играчи, публика до коментатори. Брилијантен потег.

Англија првпат има финалисти во сите три најсилни европски турнири

По одличните настапи на Арсенал кој стигна до големото финале на Лига на шампиони првпат после 20 години, Англија ќе има уште двајца плус претставници во големите европски финалиња сезонава.

Комити до Чкембари: Потопо на една ера, од оломнани до вчера

Дербито во Јане Сандански го немаше шмекот на трибините со двете навивачки групи поради отсуството на битолчани. Но, Комити сепак беа спремни со транспаренти. Ова е најинтересниот, со класичен битолски дијалект кој се однесува на завршувањето на серијата на Пелистер од три титули по ред.

Вардар го прегази Еурофарм Пелистер како никогаш досега и ја освои шампионската титула!

РК Вардар 1961 е нов шампион на Македонија откако синоќа во големото дерби убедливо со 15 гола разлика го совлада најголемиот ривал Еурофарм Пелистер 34-19 и математички ја обезбеди титулата.

Комити го исмејуваа Фитиљ за ланското славје

Титулата од Битола се сели во Скопје, откако Вардар го декласираше Еурофарм Пелистер со 34-19 со што и математички е шампион. Комити не го забораваат славјето на Филип Кузмановски, кога лани ова време се пентареше среде Јане Сандански, за да слави титулата со своите навивачи, па направија пародија од тоа.

Прво скокна па шутна, како прваче

Сан Антонио Спарс израмни против Минесота 1:1 и тоа дрско со 38 поени разлика. Девин Васел ги изнасмеа во студио, со потег кој последен пат сме го виделе во Козле 96-та.