Сигурно ја паметите по најсимпатичната сцена од Игрите во Париз, кога додека ги гледаше Италијанките како се фотографираат со гризнати медали, и таа реши да го направи истото. Осумнаесет годишната кинеска гимнастичарка Жу Јацин која освои сребрен медал на Олимписките Игри 2024 во Париз, по враќањето дома, се вратила на работа во ресторанот на нејзините родители.