По страшен дуел, го прашувале Гави кој ден е и колку е часот?

Барселона во неделата едвај го совлада Алавес 1-0 со гол на Роберт Левандовски во 61' минута и ја продолжи трката за врвот. Сега Барса е трета со 45 бода, Атлетико Мадрид втор со 48 а прв е Реал Мадрид со 49 бода. Сите имаат одиграни по 22 натпревари. На овој дуел со Алавес Гави заработил силен удар во глава после што малку како да се подзагубил па докторите го прашувале кој ден е и колку е саат.

Дани Олмо од клупата за резерви се качил кон ложата каде им објаснил на родителите на Гави каква е состојбата на младиот бисер на Барселона

4 февруари 2025 - 09:26