Offside

Кошаркарите на ЛА Лејкерс неочекувано лесно го елиминираа Хјустон Рокетс од доигрувањето за титулата. Синоќа ветеранот Леброн Џејмс одново покажа дека е еден од најдобрите НБА кошаркари во историјата на лигата. Лејкерс победи 98-78.

Антиќ: Одбив 1,6 милиони во Кина и 900.000 од Феникс за да се борам со мојот тим во КФМ

Во подкастот Бизнис муабети на Мишко Иванов ќе чуете разни муабети со супер интересниот гостин Перо Антиќ. Интервју со нула стерилност, многу отвореност на повеќе теми, забавно и опуштено. Кога дошол на чело во федерација сам си донел мебел, бидејќи немало и вложил шест цифрена сума изразена во странска валута. На вечера со колегите од Атланта Хокс, никој не се фатил за џеб и на крај ја платил цела сметка, а на маса имало играч со плата од 29 милиони по сезона.

Се повлекува најсаканиот син на Чикаго после Џордан

Триесет и пет годишниот Дерик Роуз, еден од најдобрите техничари кои НБА лигата некогаш ги видела, објави дека се повлекува од кошарката. Ди Роуз беше еден од најомилените кошаркари во лигата кого честите повреди го спречија да го покаже целиот талент. На 22 години стана МВП на лигата.

Кејн дава голови и снима реклами

Откако снимил реклама за Ауди, капитенот на англиската репрезентација и лидер на Баерн Минхен сега снимал и за некоја позната компанија која произведува овесна каша со седиште во Минхен.

Варан објави видео со кое му се заблагодари на фудбалот

Францускиот дефанзивец кој остави силен печат во Реал Мадрид и каде за 10 сезони успеа да прослави дури 18 трофеи, синоќа соопшти дека на 31 година прекинува со фудбал после тешка повреда на коленото. Ова се најубавите мигови од него спакувани во 2 минути.

Мистеријата од северот на Европа

Норвешкиот трикратен првак Бодо Глимт кој доаѓа од крајниот север на Норвешка, направи ново чудо во еврокуповите откако го совлада 40-кратниот шампион на Португалија, гигантот Порто со 3-2 иако од 51-ва минута играше со играч помалку.

Чудниот почетен удар на Камп Ноу и мајтапот на Левандовски

Барселона го доби Хетафе 1:0 и врза 7 победи по ред, во 7 кола во Ла Лига, со голот број 7 на Левандовски. Издвојуваме и видео во кое искусниот полски напаѓач се мајтапи со својот чувар. Гостите го изведоа почетниот удар на необичен начин.

Огромниот ризик меѓу Галатасарај и ПАОК мина мирно

Ждрепката за новата сезона во Лига Европа со нов формат сакаше во 1. коло во Истанбул да се сретнат големите ривали Галатасарај и солунски ПАОК. Познати се историските настани меѓу Грција и Турција, па присуство на гостински навивачи кога играа клубови од овие две земји не беше замисливо.

Сврти се ко човек Бобо, не ги штеди очите

И после не чинело италијанско. Дилета Леота да се пензионира во Серија А. Немате ништо против така?

Ериксен, секоја чест маестро

Манчестер Јунајтед уште еднаш, по којзнае кој пат ги разочара своите навивачи откако синоќа одигра само 1-1 против холандски Твенте во 1. коло од Лига Европа. Јунајтед поведе прв преку Данецот Кристијан Ериксен кој постигна прекрасен гол во 35’ минута. Твенте израмни преку Сем Ламерс во 68-ма минута.

Тимур Дибиров сака да ви покаже нешто на 41 година

Двократниот европски првак со Вардар едноставно не старее. Вода стои, Тимур не стои. Погледнете со каква вртенка го излуди голманот на Колштад на гостувањето на Загреб во Лига на шампиони. Мечот го заврши со 7 од 10. Мајсториште.

Шоу на дербито во Џенова, Сампдорија победи на пенали

Големите стари градски ривали Џенова и Сампдорија во 2. рунда од Купот на Италија одиграа 1- 1 па после продолженија стигнаа до пенали. Џенова прва поведе преку шпицот Пинамоти во 9’ минута а Сампдорија израмни преку ветеранот Фабио Борини во 83-та минута. Сампдорија во судиско продолжение имаше исклучен играч кога Симоне Ромањоли доби црвен картон. На крај токму Дорија славеше на пенали за огромна радост на своите тифози.

Едниот на костозглобна, другиот по цигари

Манчестер Јунајтед одигра само 1:1 против Твенте во првото коло од Лига Европа. Одиме веднаш со потегот на вечерта во режија на Лисандро Мартинез. На мал простор изремети двајца противници.

Додека е тој селектор на Турција, Фенербахче нема да праќа играчи за репрезентација

На пријателска средба во Истанбул, пред почеток на сезоната во Евролига, Панатинаикос со 85-56 го совладал Галатасарај. Тренерот на европскиот шампион Ергин Атаман во минатото го водеше Галатасарај, па домашните навивачи го поздравиле. Тој им вратил со гестикулирање 1-3 како асоцијација на големиот триумф на Галатасарај во фудбалското дерби против Фенербахче. Ова до таа мера ги налутило луѓето од Фенер што решиле веќе да не пуштаат свои играчи во репрезентацијата на Турција додека Атаман е селектор.

Во Џенова врие, се игра дерби после 879 дена!

Ждрепката во Купот на Италија ги спои големите градски ривали Џенова и Сампдорија кои ќе играат едни против други после цели 879 дена од последната пресметка.

Ендрик и порано да ти бил многу безобразен

Малиот 17 годишен Бразилец Ендрик кој на голема врата дојде во Реал Мадрид, почна да ја покажува и својата темна страна. Иако веќе блесна на највисоко ниво, даде дебитантски гол за Реал во Ла Лига и во Лига на шампиони, даде гол за Бразил на сред „Вембли“ во победа против Англија и сите го испофалија, сепак има некој во Бразил кој памти дека тој знае да биде и доста безобразен.

Битна е ефикасноста, а не долговечноста

Клинците кои не го фатија неповторливиот Мајкл Џордан, за што многу жалиме, и кои мислат дека број 1 е Леброн Џејмс, како за утеха им го препорачуваме феноменалниот „The Last Dance“ на Нетфликс. Меѓу другото нека внимаат и на ваквите факти: Џордан со 5 сезони помалку од Леброн, има 2 шампионски прстени повеќе, 2 МВП повеќе награди во финале, едно МВП призниние повеќе во регуларниот дел од сезоната. И така.

Лудиот амбиент на Ривер - Коло Коло

Ривер Плејт во само неколку дена забележа две исклучително големи победи. Прво во саботата против најомразениот ривал Бока Јуниорс на гости 0-1 со голот на Мануел Ланѕини, а после синоќа во вторникот вечер против Коло Коло 1-0 во реваншот од четвртфиналето на Копа Либертадорес. Ривер под водство на својот најуспешен тренер во историјата Марсело Гаљардо кој во август се врати од Саудиска Арабија, се пласираше во ново полуфинале на Копа. Голема помош во тоа имаше од своите најверни навивачи.

Ќе скршите прозор играјте подалеку

За време на натпреварот меѓу Албион Монтевидео и Торке кој завршил со победа на домаќините 2-1, во еден момент топката летнала кај коментаторската кабина каде скршила стакло. Коментаторот прибран и добар, неповреден.

Колку сакам ќе свирам, не е ова театар

Си немал работа навивач на Јувентус на трибина, па почнал да му мрчи на друг навивач зошто свирел на сред натпревар, мислиш на балет се отидени, Оревокршачка. Овој прво го отера со пцовки, а потоа фати уште толку да свири по што заработи и аплаузи.

Никој како Арсенал не краде време - на прекини и на гол-аути

Скоро сите навивачи на премиерлигашите сакаат што поскоро Сити да биде тргнат од тронот. Од таа причина многу навивачи на други клубови го бодрат и Арсенал во намерата да ги кутне „граѓаните“ на Пеп Гвардиола. Минатиот викенд се играше големото дерби меѓу овие два тима и заврши 2-2. Сити се извади со гол буквално во последни секунди, во 90+8’ минута од судиско продолжение.

Е на римско дерби ова не проаѓа

„Сум играл на дербито Џенова - Сампдорија, Милан - Интер, али Лацио - Рома ти е...Во Милано има почит меѓу навивачите, ти навиваш за Милан, ја за Интер и одиме заедно на стадион, исто и во Џенова. Во Рим тоа не постои“, ќе рече Горан Пандев во емисијата Еден на еден.

Шефе, абе зошто ме вадиш? Чекај гол падна

Милан имаше катастрофално лоша серија во дерби дуелите со Интер. Последен пат ги победија во септември 2022-ра, а од тогаш наваму претрпеа шест порази од кои некои убедливи во сите три натпреварувања. Оваа мизерна серија заврши минатиот викенд кога Милан славеше 1-2 со гол на стоперот Габија во 89’ минута. Инаку Леао само неколку секунди претходно беше изваден од игра од тренерот Фонсека, па му се бунел крај аут-линија. Тренерот имаше попаметна работа.

Реал Мадрид 1 година нема пораз во Ла Лига, 4 меча го делат од историски рекорд на Барса

„Кралевите“ со 3:2 го совладаа Алавес а малку фалеше да го прокоцкаат триумфот затоа што од убедливо водство од три гола во само една минута примија два гола и до крај едвај ја сочуваа предноста. Со оваа победа Реал продолжи огромна серија без пораз.