Грилиш држи добра форма навечер, ама во град

Три титули по ред во Премиер лига, ФА Куп, Лига на шампиони, Супер Куп на УЕФА, Светско клупско првенство, плус 300.000 фунти неделна плата. На Џек Грилиш изгледа му збогтиса од фудбал на само 29 години. Се клати со пиво по улици, а инаку не можеше да се отрезни на последните неколку прослави на Манчестер Сити.

Инаку Грилиш сезонава само 6 пати бил стартер во Премиер лигата и вкупно 14 на сите натпреварувања. Во 2025-та во првенство има одиграно 25 минути. Статистиката вели 0 голови, 1 асистенција и повеќе пива, кои не се бројат.

4 март 2025 - 13:00