Кајри Ирвинг го носеа повреден да изведе слободни фрлања

Лидерот на Далас Маверикс по заминувањето на Лука Дончиќ, Кајри Ирвинг го повреди левото колено во ноќта меѓу понеделникот и вторникот на мечот против Сакраменто Кингс кој Далас го загуби 122:98. Кајри Ирвинг беше фаулиран од ДеМар ДеРозан и при падот нагази незгодно врз ногата на Јонас Валанчунас па го повреди левото колено. Ирвинг излезе до соблекувалната ама се врати да ги изведе слободните фрлања.

Коментаторот за оние кои не знаеа зошто Кајри и повреден се вратил да изведе слободни фрлања, објасни дека според правилата тој може да се врати во игра ако излезе поради повреда, само ако претходно ги изведе слободните фрлања. 

Сакраменто Кингс до триумф ги водеа Зак ЛаВин со 22 поени, ДеМар ДеРозан со 20 поени, Киган Мареј со 18 поени, 5 скока и 3 асистенции и Јонас Валанчунас со 14 поени и 9 скока. Кај поразените Маверикс кои сега имаат 32 победи и 30 порази најефикасни беа Каи Џонс со 21 поени и 8 скока, Наџи Маршал со 18 поени, 5 скока и 6 асистенции и Макс Кристи и Спенсер Динвиди со по 10 поени.

Дончиќ со кош од пола терен ги натера тренерите на склекови

Против-кандидатот на Јокиќ за МВП пак постигна 50+ поени

4 март 2025 - 09:23