Против-кандидатот на Јокиќ за МВП пак постигна 50+ поени

Репрезентативецот на Канада кој блескаше на минатото Светско првенство, Шеј Гилџес-Александер уште еднаш покажа дека е во страшна форма сезонава. Во победата на неговата Оклахома Сити Тандер над Хјустон 137:128 постигна 51 поен со 5 скока и 7 асистенции.

Epa Images
Epa Images
Epa images

Ова е четврти пат сезонава Шеј Гилџес-Александер да постигне најмалку 50 поени на еден натпревар. „Можеби не е возбудливо како првиот пат, но се се сведува на тоа да се изгубиш во текот на натпреварот и играњето игра која што ја сакаш“.

Оклахома Сити Тандер со својот лидер има страшен учинок од 50 победи и 11 порази и е убедливо прва на табела на Западот. Шеј Гилџес-Алекандер е најсериозен против-кандидат на неприкосновениот Никола Јокиќ во трката за наградата МВП за најдобар играч.

Покрај Канаѓанецот, во еден од најефикасните натпревари сезонава во НБА, одлична вечер имаа уште и Џејлен Вилијамс со 24 поени, Кејсон Валас со 14 поени, Чет Холмгрен со 11 поени и 11 скока и Лу Дорт со 11 поени.

Кај поразениот Хјустон Рокетс кој одигра одличен меч, 27 поени запиша Кем Витмор кој придодаде и 11 скока. Рид Шепард беше сјаен со 25 поени, Џејлен Грин додаде 18, Арон Холидеј 14 а Џабари Смит 11 и Нфали Данте 10 поени.

Кајри Ирвинг го носеа повреден да изведе слободни фрлања

 

4 март 2025 - 08:57