Лука Дончиќ фати јак залет, го разби ЛА Клиперс

Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс ја забележа шестата победа по ред во НБА откако синоќа со 108:102 втор пат во три дена го совлада градскиот ривал ЛА Клиперс.

Лос Анџелес Лејкерс стигна до 38-ма победа сезонава што е сјаен учинок и ќе обезбеди сигурно добро место пред плејоф борбите во НБА.

Лука Дончиќ блесна со 29 поени, 9 асистенции и пет скока. Имаше 9/17 од игра, 4/4 од пенали и 5/12 за три поени. Леброн Џејмс одново потврди дека игра сезона од соништата па постигна 17 поени со 9 асистенции и 5 скока. Џејмс стигна на само еден поен од вкупно 50.000 постигнати поени во НБА лигата.

Одлична вечер имаше и рукито Далон Кнет со 19 поени и покажа дека ќе биде од корист на тимот во борбите кои следат. Лејкерс со овој триумф е втор на Западот.

Кај ЛА Клиперс ветеранот Кавај Ленард со 33 поени и 10 скока, со дабл-дабл учинок беше најефикасен но тоа не беше доволно неговиот тим да избегне петти пораз на последните шест меча. Ивица Зубац постигна 12 поени за 34 минути а Богдан Богдановиќ 12 поени со четири скока и три асистенции.

ЛА Лејкерс има 28 победи и 21 пораз а ЛА Клиперс е шести на табела со 32 победи и 28 порази.

 

Дончиќ со кош од пола терен ги натера тренерите на склекови

3 март 2025 - 08:37