Незгоден доскок на Јокиќ на потфрлање, ама издржа до крај

Во дербито на вечерта во НБА, актуелниот шампион Бостон Селтикс го совлада Денвер Нагетс 110:104. Браун, Ал Хорфорд и Тејтум покажаа зошто се шампиони а Јокиќ повторно не можеше без поголема поддршка од соиграчите.

На почетокот на мечот во „ТД Гарден“ во Бостон, на потфралње на топката, Никола Јокиќ лошо доскокна и го повреди зглобот. Неколку минути играше кривејќи на таа нога но набрзо ја погоди првата тројка и во првиот период постигна седум поени.

На крај Јокиќ имаше 20 поени, 14 скока и 9 асистенции и по којзнае кој пат за едно додавање му избега нов трипл-дабл учинок.

Кај победничкиот Бостон Селтикс кој сега е втор на табела на Истокот со 61 победа и 43 порази, најефикасни беа Џејлен Браун со 22 поени, Ал Хорфорд со 19 поени, Дерик Вајт постигна 17 а Џејсон Тејтум 16.

Денвер Нагетс сега е трет на Западот со 39 победи и 22 порази, а пред нив се Оклахома Сити Тандер која што е прва со луд учинок од 49 победи и само 11 порази. ЛА Лејкерс е втор со 38 победи и 21 пораз.

3 март 2025 - 08:52