ВАР поништи кандидат за гол на сезоната против Јувентус
Јувентус ја совлада Верона 2-0 во последниот меч од колото во Серија А но бјанконерите имаа и многу среќа. Во првиот дел Словакот Томаш Сушлов постигна прекрасен гол од далечина и гостинските навивачи славеа на големо. Но набрзо главниот судија го поништи погодокот поради претходен офсајд во акцијата.
Јувентус славеше 2:0 со голови на Кефрен Турам и Теун Компајнерс во вториот дел. Јуве со овој триумф се искачи на 4. место кое води во Лига на шампиони следната сезона.