Offside

Кошаркарите на ЛА Лејкерс неочекувано лесно го елиминираа Хјустон Рокетс од доигрувањето за титулата. Синоќа ветеранот Леброн Џејмс одново покажа дека е еден од најдобрите НБА кошаркари во историјата на лигата. Лејкерс победи 98-78.

Црвена Звезда со шаренолик состав во Лига на шампиони: 16 од 31 играч се странци

Во најава на вечерашниот меч од Лига на шампиони меѓу Интер и Црвена звезда, реномираната Газета дело Спорт потсеќа на некогашниот европски и светски шампион кој беше составен исклучиво од домашни фудбалери од поранешните југословенски простори.

Додека на еден не му се стемни, на друг не му се разденува

Во Купот на Полска, второлигашот Хутник Краков и прволигашот Пјаст Гливице одиграле 2-2. Мечот стигнал до пенали а таму играчот на домашните Хојо-Ковалски немал среќа онолку колку што имал голманот на гостите Шимански.

Дрес на Леброн Џејмс од средно продаден за 1,3 милиони долари

Еден стар дрес кој повеќекратниот НБА шампион и еден од најдобрите кошаркари на сите времиња ги носел додека уште бил во средно школо, е продаден на аукција за неверојатна сума од 1,3 милиони долари.

Јошко од Припор

И вие го мислите истото за колата на Јошко Гвардиол, така?

Во 12-та минута 3:0, крај 3:4

Во 5. коло од германската Бундеслига Хофенхајм и Вердер Бремен одиграа луд натпревар. Домашните за само 12 минути со двата гола на Мариуш Бултер и еден на Адам Хлозек имале неверојатно водство 3:0. Во 18-та минута целиот труд им го фрлил во вода соиграчот Тсоки кој добил директен црвен картон. Со играч повеќе Вердер Бремен решил да тргне по подвиг и му успеало со голот на Јулиан Малатини и сјајниот Јенс Стаге кој постигнал хет-трик во 26-та, 39-та и 49-та минута.

Ако некој уште се чуди што Бонифејс редовно решета за Баер

Само што го донесоа од Белгија, возврати со вкупно 21 сезонски погодок, а сезонава веќе има 4 после првите 6 средби. Допрва ќе дава, генерација 2000-та е. Погледнете ја оваа махерска 100% реализација на тренинг. Виктор е опасен.

Кога Мутомбо тероризираше противник со три блокади по ред

9 април 1997 година,  Кларенс Ведерспун се обидува три пати по ред да ја забие преку Дикембе Мутомбо и не е свесен дека тоа се обидува да го прави преку кошаркарски гигант кој му рече „не“ со прстот.

Миличиќ за инцидентот со Мутомбо

Во подкастот на некогашниот кошаркар Миле Илиќ, „Јао Миле“, Дарко Миличиќ неодамна раскажа како дошло до случката да се збутка со славниот Дикембе Мутомбо кој почина во понеделникот на 58 години.

Најдоброто од Мутомбо, царот под кошевите со 3.289 блокади

Дикембе Мутомбо важи за еден од најдоминантните центри во историјата на НБА лигата и тоа во време на конкуренција составена од имиња како Шек, Олајџувон, Патрик Јуинг, Алонсо Морнинг, Дејвид Робинсон. На сите им викаше „НЕ“ со прстот под кош.

Мајсторски гол на Роналдо, овој пат со посвета за татко му

Со головите на Мане и Роналдо, Ал Наср славеше 2:1 против Ал Рајан во второто коло од азиската Лига на шампиони. Кристијано Роналдо ја закачи мајсторски на прва и голот му го посвети на својот татко кој на истиот ден требаше да наполни 71 година.

Спикер најавува: „Ви отиде возот“

Не, дефинитивно англиската фудбалска култура е нешто сосема посебно. Уште ко ќе ја зачинат со нивниот префинет британски хумор и пиво, се добива врвна комбинација. Пазете ова, Борнмут си води глатко 3-1 со Саутемптон кога пред крајот спикерот им кажува на гостинските навивачи дека возот за Саутемптон е откажан. Домашните им се ситат.

Меси спасувал дете од обезбедувањето

На мечот Интер Мајами - Шарлот на кој Лео Меси со убав гол во негов стил му донесе бод на домашниот состав, во еден момент некое дете-натрапник влегло на терен да се слика со Аргентинецот. Ама обезбедувањето на Лионел е брз како стрела, башка се пуштаат и други редари. „Трчај!“ му рекол Меси со цел да го спаси од канџите на редарите.

Има шутеви што ни двајца голмани не ги бранат

Атлетико Насиона го згромил Бојака Чико во колумбиската прва лига Примера А со 6-2. Првите два гола во 1-ва и 5-та минута ги дал левиот бек Алваро Ангуло. Погледнете го овој шут од преку 35 метри!

Бонучи, Барѕаљи и Кјелини го чуваат Буфон и на свадба

По 10 години врска, легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон и познатата водителка Иларија Д’Амико се венчале. На свадбата очекувано, грб на Џиџо му чувало триото кое стоеше пред него како бедем во дресот на Јувентус и репрезентацијата на Италија.

Луд, баш луд гол во Холандија

Во холандската втора лига, Де Графшап го совладал Витезе 3-1 иако гостите во еден момент, во 63-та минута имале 1-1 по фантастичниот погодок на Иракли Јегојан. Кандидат е за наградата „Ференц Пушкаш“ на УЕФА за најубав гол на сезоната.

Мега навивачко дружење во Скопје со страста наречена Серија А

Сте ги виделе ли до сега македонските навивачи на Јувентус, Милан, Интер, Лацио, Рома и Наполи на едно место? Во Скопје викендов беше празник за нив, историја запечатена под покровителство на Италијанската амбасада.

40.000 долари за јунакот со прецизен шут од пола терен

Добра забава со доста фина добивка им нуди Спарта Прага на своите навивачи за време на натпреварите. Еден ксметлија постигна гол од пола на терен на мало голче и си замина дома со 40 бона.

Кортео од Фиренца на гостување со над 1.000 моторџии

Емполи - Фиорентина важи за дерби во Италија бидејќи се наоѓаат во ист регион, а тоа е Тоскана. Градовите се оддалечени 32 км, одлична можност за едно поинакво гостинско патување. Во Емполи отпатуваа 4.000 навивачи на Фиорентина, од нив преку 1.000 на мотори. Прв пат се организираа на ваков начин во 1986-та, вториот пат во 1998-ма. Ова им е трет пат.

Скриена камера да не е ова?

Јенисеј - Улар, руска втора лига. Сега се случува ваква акција, па за едно 100 години пак.

Ова да се испита

Сао Пауло со 3-1 го совлада ривалот Коринтијанс во 28. коло од бразилскаа Серија А. Последниот гол во судиско продолжение во 90+8’ минута падна под многу, многу чудни околности. Зошто вака се однесувале гостите лежерно некој треба да објасни.

Никому сфатлив потег на Ѓердан Шаќири

Шаќири (32) кој игра за Швајцарија, направи врвна кариера. Играше за Ливерпул со кого освои Лига на шампиони, беше во Баерн Минхен, Интер, Лион, Чикаго, Базел. Одигра насекаде, па се врати сега во родниот клуб Базел во Швајцарија. На последниот меч направил чуден потег ни самиот не знаел зошто.

43.000 души на фудбал во четврта лига во Турција

Некогашниот стандарден прволигаш Бурсаспор од турскиот град Бурса, синоќа го пречекал Мусспор во натпревар кој завршил без голови. На дуелот од четврта лига имало верувале или не 43.000 гледачи. Фасцинантно дури и за најдобрите топ5 лиги а камоли за нашево поднебје.

Пандев ќе игра против Милан во напад со Адриано и Милито

Кај што е Интер, таму е и Горан Пандев. Македонската фудбалска легенда по кој знае кој пат е испочитуван од својот поранешен клуб со кој ја освои незаборавната тројна круна.

Само Мурињо може да приреди ваков циркуз

Фенербахче ја доби Анталијаспор со 0:2, натпревар на кој Жозе Мурињо направи нешто што не сме го виделе виделе до сега. Незадоволен од судиска одлука, го намести лап топот према камера, за да докаже дека судијата греши. За парадата доби жолт.