
Русинот со македонски пасош и стави крај на кариерата на 41 годишна возраст, после 21 година ракомет од кои 9 незаборавни во дресот на Вардар.
Освои вкупно 22 трофеи или подетално 7 првенствени титули, 6 Купови, 3 Супер Купови, 4 титули во СЕХА и највредните две во Лига на шампиони. Сите со Вардар.
Замина како легенда која вечно ќе се памети во Јане Сандански. Горд, исполнет, сакан од секој навивач на Вардар каде стигна до трет стрелец во ЛШ со 1.043 гола.
Го потеше вардаровиот дрес со голема жар и посвета, а во едно интервју изјави дека со такво сплотено друштво, да му понуди некој трофеј во ЛШ со Вардар и пак без плата, би прифатил.
Тоа беа 9 прекрасни години, полни со историски мигови, шампионски сјај и взаемна љубов со клубот и навивачите. Заминува гордо и исполнето, со безброј дрски погодоци од мртов агол.
Во Загреб направи трансфер во 2022-та и се искачи на втората позиција во Лига на шампиони со преку 1.200 гола. Пред него е само Кире Лазаров.
Замислете, првиот меч во ЛШ го пропушти дури во октомври оваа сезона на 41 година, поради повреда. Каква издржливост.
ЕХФ објави видео со убави голови на Тимур од времето кога играше за Вардар. За вртелешките му нема рамен.
„Ти благодариме господине Дибиров. Ти благодариме што нè тераше да станеме од нашите седишта, што нè натера да веруваме во магија и што го направи ракометот поубав спорт“.
𝗧𝗵𝗮𝗻𝗸 𝘆𝗼𝘂 𝗠𝗿 𝗗𝗶𝗯𝗶𝗿𝗼𝘃 👑. Thank you for getting us out of our seats, for making us believe in magic ✨🪄 and for making #handball a more beautiful sport 🥹 #ehfcl #CLM pic.twitter.com/IvhLh2P7Pb
— EHF Champions League (@ehfcl) March 5, 2025
Убав муабет меѓу Дибиров и навивач на Вардар
Дибиров: Драги пријатели, потребен е текст за многу страници, вие сте засекогаш во моето срце