Фрапантен податок за Тимур Дибиров во ЛШ

Тимур Дибиров ви е дечки, нешто како Хавиер Занети во фудбал. Знаете на што мислиме така? Издржливост и долговечност, ама во топ форма.

Динамо Загреб загуби дома од Нант 29:32 и има лош старт со 5 порази од вкупно 6 меча во ЛШ. Но друг ни е муабетот.

Во составот на хрватскиот тим го немаше Тимур Дибиров, нешто што е невообичаено, особено кога ќе го прочитате следниов надреален податок.

41 годишното руско крило со македонски пасош го пропуштил првиот меч во ЛШ, во замислете 21 година. Неверојатно.

Дибиров се повреди на средбата со ПИК Сегед, но потоа настапи против Барселона. Потоа стигнала дијагнозата и ќе отсуствува три недели.

Значи да повториме, Динамо - Нант е прв натпревар на кој Тимур не успеал да настапи во изминативе две децении во дресовите на Чеховски Медведи, Вардар и Загреб. Wow. 

Тимур е вардаров лик. Скроз. Скопје го напушти после 9 години со 21 трофеј меѓу кои две европски титули, како и 1.043 гола во Лига на шампиони. Стана трет стрелец на вечната листа после Лазаров и Карабатиќ.

Тоа беа 9 прекрасни години, полни со историски мигови, шампионски сјај и взаемна љубов со клубот и навивачите. Заминува гордо и исполнето, со безброј дрски погодоци од мртов агол.

Го потеше вардаровиот дрес со голема жар и посвета, а во едно интервју изјави дека со такво сплотено друштво, да му понуди некој трофеј во ЛШ со Вардар и пак без плата, би прифатил.

Кога пред три години на мечот против ПИК Сегед го постигна јубилениот 1000-ти гол во ЛШ, го постигна и најатрактивниот.

А за вртелешките му нема рамен. Ова ремек дело е од минатиот месец против Колштад.

Дибиров: Драги пријатели, потребен е текст за многу страници, вие сте засекогаш во моето срце 

24 октомври 2024 - 13:17