Чудесниот амбиент во Рим каде Рома победи во 94-та минута!

Во дербито на вечерта, Рома со 2-1 го совлада Атлетик Билбао во првиот натпревар од осминафинале на Лига Европа. Гостите од Билбао први поведоа преку нивниот најдобар играч Ињаки Вилијамс во 50' минута. Рома израмни само осум минути подоцна преку левиот бек Анхелињо во 56-та минута. А на крајот во последните моменти од мечот, во 90+3' минута од судиско продолжение, Елдор Шомуродов постигна гол за победа и делириум на трибините на „Олимпико“. Баскијците од 85-та минута играа со играч помалку по црвениот картон на Јерај Алварез.

Epa Images
Epa Images
Epa images

Пред, за време и по натпреварот, навивачите на Рома покажаа дека се едни од најдобрите на светот и ја направија најубавата атмосфера на „Олимпико“ во Рим: 

Победничкиот гол на Шомуродов:

 
7 март 2025 - 08:17