Харден + Богдан Богдановиќ = 73 поени

Лос Анџелес Клиперс го совлада Детроит Пистонс 123:115 во натпревар на кој Џејмс Харден постигна страшни 50 поени! Ветеранот имаше уште и 5 асистенции и 4 скока. Голема поддршка Харден имаше и од Богдан Богдановиќ кој постигна 23 поени со 3 скока и 3 асистенции како и Ивица Зубац со 22 поени и 11 асистенции.

Кај поразениот Детроит одличен беше Кејд Канингем со 37 поени, 10 асистенции и 7 скока и Денис Шредер со 21 поен, 7 асистенции и 6 скока.

ЛА Клиперс во моментов се на 8-мо место на Западот со 52 победи и 33 порази. Детроит Пистонс котира мошне високо и на Истокот е на 6-то место кое води директно во плејофот. Детроит иам 35 победи и 28 порази.

6 март 2025 - 09:51