
Фудбалот не памети некој тренер да бил казнет волку драстично, но и заслужено во исто време:
🚨✅ | 𝗪𝗢𝗪: Former #ACMilan manager Paulo Fonseca has been handed a 9-month ban for 𝐓𝐇𝐈𝐒. 🇵🇹🤯
— Milan Xtra (@MilanXtra) March 5, 2025
The current Olympique Lyonnais boss is suspended until November 30th. Fair or not? 🤔🔴⚫️pic.twitter.com/GoUNvKsj9S
Француската фудбалска федерација го казни Пауло Фонсека за настанот за време на мечот Лион - Брест (2-1) на 2-ри март кога му се пушти агресивно на главниот судија Беноа Мило поради тоа што гледал потенцијален пенал за Брест.
Во соопштение, француската фудбалска федерација нагласи дека на Португалецот му е забрането да биде на клупата, во официјалните соблекувални и да извршува каква било функција пред, за време и после натпреварите се до 30 ноември.
Казната му забранува и пристап до теренот, до соблекувалните, до тунелите и до ходниците до 15-ти септември.
Лион веднаш соопшти дека ја примил „екстремно суровата казна без преседан“ и соопштија дека „се загрижени од брзината со која е донесена истата“.
Седумкратниот француски шампион Лион кој во моментов е на 6-то место во Лига 1 во соопштението вели дека „се разочарани што Фонсека бил казнет поради емотивна реакција, без никаква јасна намера за физички напад врз судијата“ и дека „клубот сега ги проучува сите можни правни простори за жалба“.
Фонсека јавно се извинил за инцидентот. Тој седна на клупата на Лион на 31-ви јануари откако неколку недели претходно замина од Милан каде имаше катастрофални резултати и тим кој не соработуваше со него.
Лион вечерва го чека натпревар од Лига Европа, против романска ФКСБ од Букурешт.
„Тој ми скокна на понижувачки начин и решив да го исклучам директно. Продолжи да се однесува без контрола. Имаше уште пожесток став, поточно проба да ми зададе удар со глава. Немав ниту време да ја соопштам одлуката што на крај беше дека нема пенал. Имавме мал контакт со носот да бидам попрецизен“, рекол судијата Мило за француски Л'Екип.
Најжестоки реакции имале од Сојуз на француски судии кои рекле дека нивните членови треба да поседуваат право да напуштат натпревар ако тие или нивните семејства се под ризик, особено како во случајот кога судија бил навредуван и му се заканувале по коментари од претседателот на Марсеј Пабло Лонгорија.