Offside

Кошаркарите на ЛА Лејкерс неочекувано лесно го елиминираа Хјустон Рокетс од доигрувањето за титулата. Синоќа ветеранот Леброн Џејмс одново покажа дека е еден од најдобрите НБА кошаркари во историјата на лигата. Лејкерс победи 98-78.

На дербито во Мадрид од сè по нешто: прекини, црвени, ножеви, запалки и фекалии до реми во 95-та

Атлетико и Реал одиграа долго и тензично дерби кое заврши 1:1 и кое во еден момент беше во прекин, поради разно разни предмети кои летаа кон Тибо Куртоа.

Меси по старо во свој стил

Пред крајот на лигашкиот дел од МЛС лигата во САД, синоќа Интер Мајами одигра 1-1 против Шарлот. Интер Мајами веќе осигура пласман во плејофот а се останува да види дали ќе биде прв на крајот во Источна Конференција. Гостите први поведоа во 57' минута преку Свидерски а после 10 минути Лионел Меси го постигна 15-от гол во сезоната на асистенција на својот другар од Барса Серхио Бускетц.

Детето на Баерн со страшен „банана шут“ го проби Леверкузен

Во дербито на колото во германската Бундеслига, Баерн Минхен и Баер Леверкузен одиграа 1-1. Гостите први го скршија мразот преку Роберт Андрих во 31' минута а Александар Павловиќ израмни во 39' минута после најубавиот гол на викендот во Германија.

Вакво нешто против Арсенал после се раскажува

Арсенал го совлада Лестер 4-2 со два гола во длабоко судиско продолжение во 90+4' и 90+9' минута по автоголот на Ндиди и Каи Хаверц. Ама претходно на 2-2 израмни десниот бек Џејмс Џастин со прекрасно волејиште.

Каква мајсторија на Лазар Самарџиќ

Дваесет и две годишниот фудбалер на Аталанта и српски репрезентативец Лазар Самарџиќ со прекрасен гол од далечина му донесе бод на тимот од Бергамо (1:1) во последни моменти од гостувањето кај Болоња.

Комити и Чкембари во еден глас ја згрмија „Заветна“

Дербито Вардар - Еурофарм Пелистер кое го добија домаќините 27:24, имаше убава увертира. Ја пуштија на звучки „Заветна“ на што одговорија и двете навивачки групи.

Историски настан се случи во Премиер лига: фудбалер на Челси даде 4 гола за 20 минути

Педантните статистичари понекогаш досаѓаат со секакви рекорди, ама она што го направи фудбалерот на Челси Кол Палмер во саботата беше нешто невидено во Премиер лига и општо ретко во фудбалскиот свет.

Фудбалер на Војводина направи најглуп пенал на сезоната

Во натпревар од српската Супер лига, Војводина и Раднички Ниш одиграле 3-3. Гостите стигнале до бод со гол буквлано во последни секунди, во 95-та минута од судиско продолжение. А момент на мечот кој го обиколува светот е пеналот кој го направил 22-годишниот стопер на Војводина Сеид Корач. Инаку е репрезентативец на Луксембург. Невидена глупост!

Можеби најјак гол во историјата на Копа Либертадорес

Атлетико Миниеро - Ривер Плејт, четвртфинале во Копа Либертадорес 2021. Мајсторот се вика Матиас Сарачо. Што е ова младичу? Пеле и Марадона немале ваква завршница пред гол.

Пулишиќ на тешки маки да одбере меѓу легенди на Милан

Кристијан Пулишиќ не го дава Кака за жива глава, ама на крај се сменија работите и стигна до феноменот.

Стар волк е тој

Жозе Мурињо летово стана тренер на Фенербахче. Ги доби саканите засилувања и сезоната му тргна добро. Освен тешкиот и болен пораз од најлутиот ривал Галатасарај 3-1. На табела во Турција после 6 кола Галата е прв со 18 бода а Фенербахче втор со 13. Има уште многу да се игра. Знае и Мурињо за тоа. Новинарите го прашале што е тоа „ефект Мурињо“?

25 години од најлудиот волеј во Серија А, на гол е Буфон

Кој следи италијанско од златните времиња, не може да ја заборави бомбата на Матијас Алмеида од 40 метри која на 26 септември 2024-та, наполни 25 години. Турам божем расчистува, ама топката му легнува на Алмеида како на баба пензија на први. Немоќен Џиџи Буфон.

Легендарниот Џомба гостин во РК Алкалоид

Мирза Џомба, кој важи за икона на хрватскиот ракомет пристигна во Скопје. Повод му е интервју со Кире Лазаров во емисијата (Не)успех првака, а беше гостин и на тренингот на Алкалоид. Инаку Џомба и Лазаров играа заедно во Загреб и Веспрем и тој беше дел од златната генерација предводена од Лино Червар која стана светски и олимписки првак во 2003-та и 2004-та. Гоце Георгиевски по него го носи прекарот Џомба.

Кога Денис Родман сфатил дека на Балкан има и полуди од него

Денис Роман бил во некој камп на американска војска како гостин и таму поминал низ сите дупки, сите сакале да го запознаат, да помуабетат со него, да се сликаат, да му раскажат за тоа како живеат. Во еден момент поминал до група американски војници со хрватско потекло кои вриштеле од смеење. Му паднало интересно да види што гледаат, па му објасниле дека во Хрватска во живо оди емисија без никакви рестрикции, забрани, стегања. Тој се воодушевил и рекол дека би гостувал во таа емисија кога ќе може.

Миралем Пјаниќ одби да игра со Русија, ама слатки му се руските пари

Поранешниот репрезентативец на БиХ, Миралем Пјаниќ е нов член на ЦСКА Москва. Љубителите на фудбалот во Русија потсетија на еден негов потег со кој самиот се ставил во незгодна ситуација.

УЕФА ја казни Барселона поради фашистички испад на навивачите

Европската фудбалска унија (УЕФА) ја казни Барселона со 10.000 евра и и одзема право да продава карти на своите навивачи за следниот гостински меч од Лига на шампиони против Црвена Звезда во Белград. Неколку навивачи пред мечот со Монако на гости во Франција каде Барселона изугби 2:1 во 1. коло од Лига на шампиони држеа парола со натпис Flick Heil и со симболот кој асоцира на нацистичката парола Sieg Heil.

Во Дубровник на пристаниште се одржува „Дива лига“ во ватерполопо страсно поддржана од ултраси

Налетавме на видео со навивачка атмосфера од ватерполо натпревар на пристаниште во туристичката атракција Дубровник. Не се работи за некоја моментална фешта. Тоа да ти било со традиција од над 100 години.

Вечер за паметење во Монтевидео, Пењарол прв пат после 37 години во полуфинале на Копа

Чуда се случуваат сезонава во Копа Либертадорес. По големиот Ботафого кој после верувале или не цели 51 година се пласираше во полуфинале на најважниот клупски фудбалски турнир во цела Јужна Америка, сега и Пењарол од Уругвај тргна по тој пат.

Флик е цар, ги учи Шпанците каде да се позиционираат за автограм

Му тргна одлично со Барса, има 7 од 7 во првенство. Ама човекот изгледа размислува во простор и кога не е на работа. Погледнете го фино лепо како им ја објасни тактиката на навивачите, каде треба да го чекаат.

Ќе има време да му ја мисли

По крајот на мечот Еспањол - Виљареал во шпанска Ла Лига кој гостите го добија 1-2, некој гневен навивач со чаша го гаѓал главниот судија Алехандро Кинтеро Гонзалес. За малерот по него да биде поголем, судијата инстиктивно крева поглед и точно гледа кој замавнал. Виновникот веднаш е лоциран, најден и го чека драстична казна. Еспањол најави дека ќе го суспендира доживотно од трибините, а и судијата поради катастрофално судење ќе биде оладен од федерацијата на неколку натпревари.

Нестварна сцена во бугарскиот фудбал, таксист кружеше зад гол

Пожарна мора да има, амбуланта исто, како и редарска служба и полиција. Ама што прави таксистов на сред прволигашки натпревар меѓу Септември Софија и Софија 1948? Да не го утнал патот? Или па можеби е на повик човекот на сред стадион? И во студио се чудат.

Никола ко Никола, уште прв ден на работа

„Никола ова ти е 10 година по ред да имаш предсезонска средба со новинарите. Што памтиш од првата или втората, сменето ли е нешто?“, прашува новинарот. Јокиќ: Не, секоја година е исто и не знам зошто ова го правите секоја година :))). Не бе, на човеков му е досадно веќе во НБА.