Лука Дончиќ одново решеташе, па го пцуеше судијата

Еден од најдобрите кошаркари на светот, Лука Дончиќ повторно одигра маестрална партија во нова победа на ЛА Лејекрс, овојпат над Њу Орлеанс Пеликанс 136:115. Овој натпревар беше во целост во знак на Леброн Џејмс, ветеранот синоќа стигна до 50.000 поени во НБА, прв играч во историјата со таков учинок.

Epa Images
Epa Images

Во вечерта кога целата „Крипто Арена“ во Лос Анџелес беше во знакот на Леброн Џејмс кој постигна 43 поени со 8 скока и 6 асистенции, Дончиќ одново им покажа на навивачите на Лејкерс дека добиле страшно засилување.

Лука за 34 минути на паркетот уфрли 30 поени со дури 15 асистенции и 8 скока. Уфрли дури 6 тројки и имаше фантастиочен индекс на корисност +/- од +37.

Со ова Дончиќ стана првиот играч во историјата на трофејните Лејкерски кои на еден натпревар забележал вакви статистички бројки и само четврти во историјата со 30+ поени и најмалку 15 асистенции.

Пред него тоа во дресот на ЛА Лејкерс им успеало само на легендите Меџик Џонсон, Џери Вест и Леброн Џејмс. Меџик имал дури 19 меча со учинок 30+ коша и 15+ асистенции, Џери Вест шест такви натпревари а Леброн Џејмс само една.

Дончиќ конечно ужива во целост во новиот тим кој му легна. Лука после повредата игра како препороден. Синоќа дури и ги предизвикуваше играчите кои го чуваат да му дојдат поблиску а правеше дар-мар во нивната одбрана.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by NBA (@nba)

Лука беше расположен во текот на целиот натпревар со исклучок на еден момент кога остана да лежи на паркетот со болна гримаса на лицето, а тогаш и ги опцу судиите што не му досудиле очигледен фаул:

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by BasketNews (@basketnews)

НБА ноќ за паметење, Леброн Џејмс стана прв во историјата со 50.000 поени

 

5 март 2025 - 10:56