НБА ноќ за паметење, Леброн Џејмс стана прв во историјата со 50.000 поени

22 сезони, 4 НБА титули, 4 пати МВП на сезоната, 4 пати МВП во финалињата, па уште и 50.000 поени и сето тоа играчки во форма на свои 40 години.

Кралот Џејмс се надмина себе си и цела кошарка во НБА од постоењето. Стана прв во историјата со вкупно 50.000 поени во кариерата, остварени во регуларниот дел од сезоната и плјеофот.

На мечот против Њу Орлеас му требаше само еден поен за да ја мине границата од 50.000 поени, но тој постигна 34 и заврши како најефикасен во својот тим.

Асистенција му направи Лука Дончиќ кој навлече на себе неколку играчи, а Џејмс остана сам на линијата за 3 поени, поентираше и ја крена на нозе публиката. Историскиот момент се случи во 4 минута од мечот.

Леброн Џејмс и онака го држеше рекордот на најмногу постигнати поени во НБА лигата, но сега стигна до голем јубилеј во неговата сезона број 22, кој многумина сметаат дека е недостожен.

Зад него се Карим Абдул Џабар 44.149, Карл Мелоун 41.689, Коби Брајант 39.283 и Мајкл Џордан 38.279.

Лејкерси го добија мечот со 136:115, а покрај Џејмс, фантастичен натпревар одигра и Дончиќ со 30 поени, 15 асистенции и 8 скока. 

5 март 2025 - 08:22