Роналдо не патува на меч во Иран за да не добие 99 камшици

Португалскиот ас Кристијано Роналдо најверојатно ќе го пропушти првиот натпревар од 1/8 финалето на азиската Лига на шампиони меѓу ирански Ештегал и неговиот Ал Наср.

Причина?

При последното гостување на Роналдо во Иран со Ал Наср во септември 2023-та за дуел против Персеполис од Техеран, Португалецот во хотелот добил уметничка слика од жена уметник со ограничени можности која слика со нозете.

Кристијано Роналдо во знак на благодарност за подарокот, ја гушнал Фатима Хамами Насрабади а според иранскиот закон строго е забрането јавно бакнување и гушкање жени кои не се сопруги. Казната за вакво дело вклучува и удирање 99 камшици.

Ал Наср подоцна пратил писмо со предлог да го одиграат натпреварот на неутрален терен но Ештегал одбил па Роналдо нема да патува во Иран.

5 март 2025 - 15:02