
Чаби Алонсо изгуби за првпат од Баерн Минхен откако е тренер на Баер Леверкузен. Одиграа „аспиринџиите“ 7 меча во тој период против Баварците и изгубија само еднаш, вечерва во Лига на шампиони, убедливо 3:0.
Барса одигра маестрален натпревар со играч помалку откако уште рано во првиот дел директен црвен картон доби неискусниот и млад стопер Пау Кубарси. Каталонците се одбранија и на крај зададоа конечен удар па со гол предност ќе го чекаат реваншот пред своите навивачи.
Лига на шампиони, осминафинале, први натпревари, резултати:
ФЕЕНОРД - ИНТЕР 0:2 (0:1)
БАЕРН МИНХЕН - БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН 3:0 (1:0)
БЕНФИКА - БАРСЕЛОНА 0:1 (0:0)
ПСЖ - ЛИВЕРПУЛ 0:1 (0:0)