ЛА Лејкерс го скроти и Њујорк Никс, Дончиќ и Леброн пак товареа

Во најинтересниот меч на вечерта, ЛА Лејкерс синоќа го совлада Њујорк Никс после продолженија 113:109 и ја запиша осмата победа по ред во НБА! Лејкерс игра фантастично периодов, а Лука Дончиќ одлично се вклопи во новата средина.

Epa Images
Epa Images
Epa images

ЛА Лејкерс скоро и да заборави веќе на Ентони Дејвис, играчот кој ги водеше во текот на целата сезона до доаѓањето на Дончиќ кого Далас Маверикс практично го протера од клубот.

Лука Дончиќ синоќа во победата на Лејкерс над Њујорк Никс имаше 32 поени (9/23 од игра, 2/8 за три, 10/12 слободни фрлања) со 12 асистенции и седум скока.

Леброн Џејмс кој сега сочинува нов тандем со Лука, постигна 31 поени (11/23 од поле, 2/8 за три, 7/8 слободни фрлања) со 12 скока и осум асистенции. Двајцава имаа голема поддршка од Гејб Винсент кој стигна до 12 поени и Далтон Нехт кој додаде 11

.

 

Кај Никс, стандардно одличен Џејлен Брансон кој стигна до нов дабл-дабл учинок од 39 поени и 10 асистенции. Оџи Ануноби имаше 20 поени, Џош Харт 18 поени и 10 скока а Карл-Ентони Таунс 12 поени и 14 скока.

Лејкерс и натаму цврсто го држи второто место на Западот со учинок 40 победи и 21 пораз а Њујорк исто високо котира на Истокот, на 3. место со 40 победи и 22 порази.

7 март 2025 - 08:15