Offside

По истражување на агенцијата Мани (Money), а спроведена врз основа на рецензии од Гугл, ТрипАдвајзор и Фудбал Граунд избрани се најгрдите стадиони во Европа според најслаби оцени и критики на овие платформи. Редовно има избори за најубави арени, а ова е сега листа на најгрди.

Топ 5 трансфери на македонски фудбалери во историјата

Елиф Елмас ја напушта Серија А и се сели во Бундеслигата. Се договорил со Лајпциг за рекорден трансфер од 25 милиони евра, до сега невидени за македонски играч во ниту еден спорт.

Акција за која ни Ајнштајн ни Тесла не би имале решение

Натпревар меѓу украински екипи во тамошната украинска премиер лига. Што ли ќе видите на клипов ни вас нема да ви биде јасно.

Како изгледа трката за петто место во ЛШ и како лигите добиваат поени?

Две лиги ќе добијат дополнителни места во Лига на шампиони следната сезона како дел од проширувањето. Со моменталната состојба тоа би биле Италија и Германија. Дежурните критичари на Серија А на апарати.

Банани на вечерта

Минесота Тимбервулвс направи огромен пресврт после негатива од -17 поени и го победи Мајами 112-108 на крилјата на Ентони Едвардс кој постигна 32 поени со 8 скока и 5 асистенции и Карл-Ентони Таунс кој додаде 18 поени со 8 скока. Ова е дури 20-та победа со само 5 порази сезонава на Тимбервулвс со што со Бостон се израмнија како најдобри екипи во регуларниот дел досега.

Селски српски фудбал од близу

„За кого навивате вие? И за едните и за другите, битно да се истепаат“, вели еден од „навивачите“ кој се појавил на ливадата со две цели: семки и сеир.

Харден со луд настап и урлање во камера беше ѕвезда на вечерта

Ѕвездениот состав на ЛА Клиперс влезе во страшна форма и ја забележи осмата победа по ред во НБА лигата. И тоа каква победа! Ја разбија Индијана Пејсерс со неверојатен резултат 151:127 и покажаа дека сите песимисти во однос на тоа како ќе се вклопат ѕвездите не биле во право.

Силни емоции на тифозите на Болоња и Лацио за Синиша

Пред, за време и по натпреварите Болоња - Рома (2:0) и Лацио - Интер (0:2), домашните клубови и навивачи се сеќаваа на саканиот Синиша Михајловиќ кој замина пред една година.

Луѓе, оваа Жирона изгледа не се зафркава

Во последниот натпревар од 17. коло на шпанска Ла Лига, Жирона го растури Алавес со 3:0 со два гола на сјајниот Украинец Довбик и повторно се врати на чело на табелата, пред Реал Мадрид.

Тројца голмани не ја бранат бомбава на Муриел

Последнопласираната Салернитана поведе против Аталанта на гости, ама само ја налути и во второ прими 4 комада. Најјако беше израмнувањето на искусниот Колумбиец Луис Муриел, кој дупка ќе направеше во мрежата.

Пепе кромидарник беше, кромидарник остана

Агресивен, валкан, насилен со неспортско однесување и со намера секогаш да удира, клоца и да подели некој бокс. Тоа е од прилика статусот на Пепе со кој се стекна во кариерата. Синоќа доби заслужен црвен на дербито против Спортинг кое Порто го загуби со 2:0. 40 години начука во газот и кој што прави, тој само црвени картони добива. Во Битола би го викале Пепе Црвенио.

Абе каков Занети, кој сакаш биди, покажи прво акредитација

Аргентинскиот фудбалски ас беше на ждрепката за ЛШ во улога на потпретседател на Интер, ама доцнеше на настанот и плус не ја носеше акредитацијата, па си направи проблем на врата и едвај го пуштија.

Калин и Новак играа заедно одбојка во Дубаи

Најголемата македонска тениска надеж повторно учи од најдобриот. Овој пат тренираше со Ѓоковиќ во Дубаи, а потоа заедно се забавуваа и играа одбојка на плажа. Останатите се Горан Иванишевиќ, Виктор Троицки, Хамад Меѓедовиќ и Тимур Гордев.

Компилација од Мундијалот 2022 само со Меси

Тргна неубедливо и незабележително, но даде гас кога најмногу требаше и го исполни својот сон, како и на сите Аргентинци. Бајката се случи на денешен ден пред точно една година.

Интересни парови се паднаа и во Лига Конференции

Во Лига на шампиони фаворитите добија полесни противници, во Лига Европа Милан, Рома и останатите повластени ќе мора да се борат против многу незгодни ривали, а во Лига Конференции попладнево во Нион исто се паднаа супер интересни парови.

За македонска трета лига ова мислевме дека се недостижни сцени

Налетавме на интересен статус на ФК Коњаре кои споделија видео од последното гостување против Башкими, инаку третолигаши од околината на Скопје. И двете екипи се воодушевени од атмосферата и со право, бидејќи ваква посетеност нема на многу прволигашки натпревари. Па уште и бели ленти има, како во Јужна Америка.

Најдобрите топ 10 потези во тениската 2023-та

Тениската публика се изнагледа одлични дуели годинава која што изминува. Сезоната заврши, се собираат впечатоци и импресии и полека ќе се влегува во новата сезона. Кои беа најдобри топ 10 потези годинава?

Како Копенхаген ќе се обиде да ги спречи тоа осите на Сити?

Копенхаген за втор пат во историјата ќе игра осминафинале во ЛШ. Ги паметиме и од третото квалификациско коло против Вардар пред шест години. Загубија 1:0 на Градски, ама на реваншот победија 4:1. Вака од прилика треба да им биде тактиката против актуелниот европски првак, инаку немаат шанси.

Лига Европа: Рома пак против стар познаник, Милан оди во Франција

Во европската куќа на фудбалот (УЕФА) во Нион попладнево после жрепка за елитната Лига на шампиони, се влечеше и жрепка за второто по ранг натпреварување - Лига Европа. Се извлекоа парови за бараж/плејоф и победниците ќе играат против тимови кои веќе се во осминафинале поради подобар пласман во групната фаза.

Елмас со Наполи ја доби Барселона во осминафинале

Европскиот првак Манчестер Сити ќе игра со најлесниот можен противник во нокаут фазата од ЛШ, за разлика од финалистот Интер.

Кари по 5 години не погоди тројка, ама ја има асистенцијата на вечерта

По пауза од 268 натпревари или 1.865 дена, Стефон Кари како еден од најдобрите шутери во историјата и специјалист за тројки, не успеа да погоди шут за три поени од осум обиди. И покрај тоа Голден Стејт го доби Портланд со 118:114, а оваа асистенција на Кари е прогласена за број 1 на вечерта.

ФИФА направи кармакаша од Светското клупско првенство

ФИФА продолжува да прави циркус од светскиот фудбал па така сега „го модернизираше“ Светското клупско првенство на кое од 2025-та ќе играат 32 екипи, ќе се игра во САД од 15-ти јуни до 13-ти јули, период обично предвиден за одмор на фудбалерите од напорната сезона.

Една година од епското финале во Катар

Како вчера да беше, првиот Мундијал кој го следевме со туршија и чварки, кој заврши ден пред Св.Никола. Атипичен тајминг за Светско со страшно финале кое не се заборава. Меси vs Мбапе. Меч за аналите.

Сите зборуваат за чудото Болоња и изненадувањето Тиаго Мота

Болоња ја совлада Рома на Жозе Мурињо со 2:0 и стигна до зона во Лига на шампиони, место кое со децении не го виделе ни од близу. Во Серија А разочара Лацио кој е во долниот дел од табелата како и Аталанта, а во топ на врвот ги нема Рома и Наполи.