Спектакл над спекталите - Интер ја нокаутираше Барселона за големо финале!

Во драма каква што може да режираат само најголемите режисери на сите времиња, Интер ја совлада Барселона со 4:3 во продолженија и се пласираше во големото финале на Лига на шампиони!

Со вкупен резултат 7:6 фудбалерите на Интер ја совладаа големата Барселона и се пласираа во своето седмо европско финале на Лига на шампиони. Последен пат нераѕурите играа големо финале во 2023-та година против Манчестер Сити а сега пак ќе се борат за круната наменета за европски шампион.

По неверојатниот меч во Барселона на првиот полуфинален дуел кога паднаа дури 6 гола, никој не веруваше дека таков спектакл може да се повтори.

А не само што се повтори, туку се одигра натпревар за кој уште долги години ќе се зборува...

Двомеч со 13 голови!

Интер воден од преку 70.000 свои френетични навивачи водеше на паузата 2:0. Барселона, која сезонава направи бројни пресврти, повторно покажа дека со командантот Ханси Флик од клупата е екипа за големи дела и во вториот дел направи целосен пресврт 2:3.

Во судискот продолжение кога никој не веруваше дека чудо може да се случи, чудо се случи! 37-годишниот Франческо Ачерби, јунак над јунаците, постигна неверојатен погодок за 3:3 и го однесе мечот во продолженија.

А таму...

Иранецот Тареми по маестрален продор на Маркус Турам му мести идеална топка на Давиде Фратези кој постигна гол за 4:3 и делириум на трибините. Победа на Интер 4:3 за пласман во големото финале каде ќе го чека подобриот од дуелот ПСЖ - Арсенал.

 

7 мај 2025 - 01:26