Offside

Чешкиот шампион Славија Прага постави нов антирекорд во Лига на шампиони откако и на 24-ти натпревар по ред не забележа победа. Чесите синоќа изгубија дома 0:1 од Виљареал и ја продолжикја серијата без триумф која долго им трае. А Слован има тринаесет порази по ред.

Македонија го дозна противникот во бараж во Лига на нации

Македонската фудбалска репрезентација го доби ривалот во баражот од Лига на нации со кого во март следната 2027-ма година ќе игра за опстанок во Б-лигата од Лига на нации. Во Нион на Македонија ѝ падна Кипар против кој ќе игра два натпревари - по еден на домашен и на гостински терен без дополнителна рунда доигрување.

Како стојат во Баерн со плати?

Билд ги откри платите во соблекувалната на Баерн Минхен. Хари Кејн и официјално стана најплатениот фудбалер во историјата на Бундеслигата.

Есапот на Рафа Бенитез за вредноста на Џерард и Карагер

Фудбалот е забава, само ти требаат вистинските луѓе за тоа. Не сме знаеле дека Рафа Бенитез е духовит човек. Ги изнасмеа легендарните дефанзивци на Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

12-минутни снимки со дрон од базата на Манчестер Јунајтед, во Англија нов скандал

Непознати лица снимале и го објавиле првиот тренинг на новиот тренер Маурисио Почетино во Манчестер Јунајтед. На Јутјуб било објавено 12-минутно видео во кое се гледа како новиот главен тренер на Јунајтед и неговиот стручен штаб работат со играчите во базата во Карингтон.

Нема што да му правиш на тој волеј

Кога ќе се каже „му легна“, се мисли како примеров со Хорхе Караскал од Фламенго. Мерак за душа се ваквите голчишта.

Роналдо дроби на тренинг со Мурињо, Гвардиола и Луис Енрике

Легендарни снимки од 1996-та, кога во Барселона имаше страшно 20 годишно момче од Бразил по име Роналдо, Гвардиола и Луис Енрике играа во среден ред, а Мурињо му беше асистент тренер на Боби Робсон. Погледнете го што им прави, ко балерина се движи.

Кога Куман му дал автограм на малиот Пике па му станал тренер

Во 1992-ра како дел од славната генерација на Барселона, Роналд Куман уживал голем статус меѓу навивачите на каталонскиот клуб. Така еднаш во градот малиот Жерар Пике на 5 години добива автограм од холандскиот репрезентативец. Триесет години подоцна Куман му стана тренер во првиот тим на стандардниот стопер Жерар Пике.

На Вембанјама очигледно низок му е кошот

Сан Антонио Спарс го доби ЛА Клиперс со 124–112 и веднаш се врати победнички откако Детроит Пистонс им ја прекина серијата од 12 победи по ред. Вембанјама беше повторно на врвно ниво со дабл-дабл од 32 поени и 11 скока. Ова му е седми натпревар сезонава со најмалку 30 поени. Имаме нов потег на високиот Французин кој стана вирален.

Нервоза во Битола: Срам да ви е на сите играчи и тренери

На Еурофарм Пелистер не му оди сезонава и не успеа да победи на ниедно дерби. Ремизираше со Охрид, загуби од Вардар, а синоќа и од Алкалоид и веќе има 5 бода негатива во однос на актуелниот шампион. Не му оди ни во ЕХФ Европската лига каде е во грчевита борба за втората позиција, но потребни му се две победи во последните две кола за да ја оствари целта. Потпретседателот на клубот, Бојан Стерјев удри по сите на социјалните мрежи.

На Кин најде да му бараш селфи?

Навивач му приоѓа на Рој Кин да се сликаат, ама на сред натпревар. По сè изгледа ќе треба да си симне некоја од интернет.

Господарот на головите - Дарко Панчев

Накратко, за сите успеси на „Кобра“, приказна за неговиот неверојатен подем. Како дете од Скопје кое стана најопасен напаѓач во цела Европа.

Пропадна револуционерниот офсајд на Арсен Венгер

Експериментот со офсајд правилото на Венгер се смета за неуспешен и се очекува наскоро да биде официјално отфрлен. 

Син му на Меси со дриблинзи како татко му

Лионел Меси има три сина: Тиаго, Матео и Чиро. Сите тројца се во фудбалската школа на Интер Мајами. Тиаго е најстар има 14 години, Матео има 11 години а Чиро има 8. Баш најмалиов има техника и дарба слична на татко му.

Игра ли Јокиќ ГТА 6?

Во денови кога излезе и направи бум новата верзија на светски познатата видео игра, ГТА 6, Никола Јокиќ бил запрашан од новинарите дали игра игрици? Вика да, ама на телефон. League of Legends.

Тој ти е брат, ама ја сум главен тука

Симпатична фудбалска сцена во Еквадор, каде дете залута на теренот за време на натпреварот на својот брат и доби исклучување на само две години.

Го имаме ли најлошото слободно фрлање во историјата?

Спортски аналитичари тврдат дека ова е резултат на психолошка блокада при шутирање во комбинација со лоши навики во механиката на шутот. Како и да е, ваков клип не паметиме дека сме имале на сајт, а ни доаѓа од од универзитетскиот тим Бафало Булс.

Клоп духовит на прес-конференција

Прес конференциите на Јирген Клоп отсекогаш биле право уживање за сите присутни. Секогаш е јасен, гласен а често и многу смешен. Сега портпаролка на Германската фудбалска федерација му дава микрофон на еден новинар да постави прашање и му честита роденден притоа. Клоп имаше реплика на неговото роденденско излагање.

Судијата тргна накај Дончиќ, а овој не можеше да се изначуди

Заврши убавата серија на Лејкерси од 9 победи по ред, а им ја расипа Јута Џез како гостин со триумф од 109-97. Дончиќ постигна 29 поени и загуби 9 топки, со што заврши неговата низа од 11 последователни натпревари со најмалку 30 постигнати поени. На истекот на втората четвртина имаше конфронтација со судијата Тре Медокс, истиот на кој во март годинава му гестикулираше со прстите пари, по што доби казна од 50.000 евра.

Бесна блокада на Јанис со две раце

Мајами Хит го доби Милвоки Бакс со 137:130, а Јанис Андетокумбо го растури својот поранешен тим со 27 поени (7/11 од игра, 13/16 слободни фрлања), 14 скокови, 9 асистенции, 1 украдена топка и 1 блокада. Одиме со најјакиот момент на мечот и општо на вечерта. Многу дрска банана.

Јокиќ е незапирлив, режираше голем пресврт од -17

Кошаркарите на Денвер Нагетс приредија вистински спектакл пред својата публика во Бол Арена и со неверојатен пресврт го совладаа Бостон Селтикс со 105:101.

Димитријевиќ диригираше со 13 асистенции за дабл-дабл и нов триумф на Арис

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ продолжува со одличните партии во дресот на Арис, предводејќи го својот тим до нова победа во Еврокупот.

Голема победа на Пелистер, во Битола после 29 години падна бундеслигаш!

Ракометна Битола конечно дочека голема европска победа. Синоќа во градот на конзулите падна бундеслигашот Гумерсбах, германска екипа која има одличен состав. Пелистерци губеа во текот на голем дел од натпреварот, на полувреме Германците имаа и +5 (9-14) но зелено-белите направија пресврт во вториот дел и заслужено славеа 29-28.

Кршење кичми ко Роналдињо во најјакото

И Бразил исто како Аргентина славеше 7:0 на пријателска против Сингапур. Винисиус ги збриша со хет-трик за само 12 минути во првиот дел. Навивач влета на терен за да се слика со Ендрик, а потоа го шина цело обезбедување.