12-минутни снимки со дрон од базата на Манчестер Јунајтед, во Англија нов скандал

Непознати лица снимале и го објавиле првиот тренинг на новиот тренер Маурисио Почетино во Манчестер Јунајтед. На Јутјуб било објавено 12-минутно видео во кое се гледа како новиот главен тренер на Јунајтед и неговиот стручен штаб работат со играчите во базата во Карингтон.

Овие снимки биле направени со дрон кој летал над базата во Карингтон. Авторот на видеото тврди дека нема ограничување на полети над таа територија кај што е тренинг кампот на Манчестер Јунајтед и дека тој дејствувал во согласност со правилата на Управата за граѓанска авијација.

Кадрите се направени во четврток (19-ти ноември) во тренинг базата Карингтон на само три дена пред дербито со Ливерпул на „Енфилд Роуд“. Видеото е закачено на каналот CC OVERVIEW а настанот предизвикал сериозни прашања во однос на сигурноста во базата на Манчестер Јунајтед.

На видеото се гледа како новиот менаџер на Манчестер Јунајтед води разни разговори со фудбалерите и им покажува некои движења. Играчите прво ги исполнуваат своите стандардни задачи за контрола на топка и прием а после камерата се приближува кон другиот дел од теренот каде Почетино им дава тактички упатства на група од 11 фудбалери - 10 играчи од поле и еден голман.

Во клубот одбиле да го коментираат тој инцидент.

Манчестер Јунајтед во моментов е на 18-то место на табелата во Премиер лига со мизерни 8 бода од 10 натпревари. На 22-ри ноември во недела го играат дербито со Ливерпул.

20 ноември 2026 - 10:18