Ако Погачар биде севкупен победник, тој ќе стане најуспешниот велосипедист во историјата на Тур де Франс со пет трофеи, заедно со Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индураин.
На Твитер се врти една фотографија од наводната кореографија на навивачите на ПСЖ, кои ги ремететат гостите од Лондон, како и Сака со помош на Антони. Не ќе да е вистина.
Битката ПСЖ - Интер ќе биде само второ финале во историјата на Лига на шампиони, со претставници од овие две земји. Првото се одигра во 90-те, исто во Минхен.
Еден од најслабите кошаркари на Денвер Нагетс сезонава е ниското крило Мајкл Портер-Џуниор кој прави повеќе штета отколку што носи корист на екипата цела сезона па и сега во доигрувањето.
Саша Боеи е француски десен бек од Баерн Минхен. Има 24 години. Поради повреди најчесто беше отсутен, а во шампионскава сезона одиграл 12 меча и има една асистенција. Синоќа бил во Париз да го гледа натпреварот ПСЖ - Арсенал во полуфинале на Лига на шампиони. И мислел дека е во Минхен а не во Париз. Има среќа таа руља што не го соблекла до гола кожа ако се види што правеле низ градот синоќа.
Во вториот меч од баражот во АБА2 лигата за пласман во елитната регионална АБА лига, во Љубљана словенечка Илирија (татко му на Лука Дончиќ, Саша е еден од челните луѓе) изгубила од Сараево и се изборила за мајсторка во сараевската сала „Скендерија“ кога ќе се реши патникот за АБА лига. Мечот го следел и Лука Дончиќ со словенечкиот селектор Александар Секулиќ како и легендарниот кошаркар Марко Милиќ. На трибините бил и култниот Иво Данеу, некогашен светски првак со СФРЈ кого судиите го отстраниле од сала поради чести дофрлања кон нив.
Стефан Лазаров навива за Барселона, а неговиот компањон, извесен Виктор за Интер. Фаќаат атмосфера на Дуомо и пред и после натпревар, потоа моментот кога доаѓаат играчите на Интер и што е најважно сведоци се на епското лудило кое заврши 4:3 со продолженија и пресврти. Такситот во Милано им зборува за најпознатиот филм на Милчо Манчевски.
Нови Пазар важи за еден од пофудбалските градови во Србија. Таму локал патриотизмот е на високо ниво, а полицијата има полни раце работа кога доаѓаат навивачките групи од Белград и другите градови. Изминатиов викенд Нови Пазар (главен играч им е Адем Љајиќ) со 2-1 го победи Партизан. На стадионот домашните навивачи направиле убава кореографија а гостинските по мечот биле испратени со огромна колона полициски и армиски возила.
На патот до финале, ПСЖ успеа да ги збрише Ливерпул, Астон Вила и Арсенал, а во првата фаза, онаа лигашката го победи и Манчестер Сити. Енрике имаше интересна изјава за тоа, со што им го спушти на сите кои ја потценуваат француската лига.
Тиери Анри од студио синоќа му упати искрени и пофални зборови на Катарецот Насер Ал-Хелаифи кој од 2011-та со голем успех и астрономски вложувања го води ПСЖ.
Четворица странски кошаркари од Партизан: Карлик Џонс, Стерлин Браун, Исак Бонга и Франк Никилина, изминатиот викенд се тепаа во Белград. Џонс изведе крвнички потег од кој има видео. Му удри флаша на човек в лице.
ПСЖ го елиминираше Арсенал и по пауза од 5 години повторно ќе игра финале во ЛШ. Но во Париз синоќа било хаос. Твитер профилите наменети за ултраси, пишуваат дека северноафрикански и алжирски банди уништувале коли, автобуси, дуќани, ја напаѓале полицијата и така „ја славеле“ победата.
„Роден сум предвреме на 7 месеци. Докториле рекле дека ќе треба да изберат кого да спасат, мајка ми или мене. Фала му на Бога двајцата сме добро сега, но борбата започна од моментот кога се родив“, раскажува Бразилецот кој се препороди во Бетис.
Од Денвер, се селиме во салата „Независна Македонија“ во ОУ „Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода, каде Работнички го урна Пелистер со 82:79 и со 3:2 во серијата стана последен полуфиналист во плејофот. Мајсторката ја реши Андреј Шошкиќ со јака тројка во последниот напад, по што настана делириум на паркетот.
Њујорк Никс стана специјализиран тим за најтешки задачи во разигрувањето за титулата во НБА. Од сезона во сезона Никси се нагазна мина за многу големи фаворити а овојпат сериозно го разнишаа Бостон Селтикс на кого му земаа два „брејка“, односно два пати го совладаа на гостински терен во само неколку дена. Сега се на праг од пласман во финале на Исток.
По почетниот триумф во воедниот натпревар од полуфиналната серија на Западот, Денвер Нагетс синоќа на истото место во иста сала доживеа катастрофа. Оклахома Сити Тандер ги разби 149:106.
Фудбалерите на Арсенал загубија со 2:1 во реванш полуфиналето од ЛШ против ПСЖ. Можеа да го направат финишот поинтересен и понеизвесен, ако Бакајо Сака го наместеше нишанот. Само три минути после голот, имаше златна шанса и за втор со кој ќе израмнеше 2:2, но ја дувна несмасно и тоа на празен гол.
ПСЖ го уништи сонот на Арсенал и со две победи обезбеди заслужено финале во ЛШ кое се игра на 31 мај во Минхен. Прекрасен гол на Фабијан Руиз и гол на Хакими. Топџиите со слаба артилерија. Одговорија само со гол на Сака, единствен во двобојот. Второ финале за ПСЖ, седмо за Интер кој има три трофеи во најелитното клупско натпреварување на континентот.
Џиџи Донарума се претстави во блескаво издание во полуфиналниот двобој против Арсенал. Имаше пет одбрани на Емирати, од кои две клучни во дуел со Мартинели и Тросард. На реваншот повторно спаси два чисти гола со страшен рефлекс, а овој пат ги скроти ударите на Одегард и Сака.
Мислењето генерално е поделено во фудбалската фела, за тоа дали спорните пенали треба да се решаваат со ВАР или тоа да биде решено со првичната проценка на главниот судија. Арсен Венгер е против употребата на забавени снимки и смета дека Интер не требал да добие пенал, бидејќи Кубарси прв стигнал до топката и тоа е она што е најважно во ситуацијата според него.
Панатинаикос и Монако со победи против Ефес односно Барселона обезбедија учество на Фајнал Форот на Евролига во Абу Даби. ПАО пред преполна „ОАКА“ Арена го совлада Ефес 75:67 и конечно го скрши отпорот на турскиот тим кој забележа две победи во серијата. Исто и Монако со три големи победи ја совлада Барселона и се пласираше на Ф4.
Четири пати по ред го пуштивме и на глас се смеевме. Арапиве им даваат поинаков шмек на сите клипови по интернетов. А замислете со гол да завршеше акцијава?