Offside

„После првата проба на списокот на Зрињски во Мостар, ме немаше на список. Отидов под туш, плачев од разочарување и се молев никој да не ме види“.

Нокаутиран селекторот на Катар Хулен Лопетеги

Катарците со 2-1 ги победија Обединети Арапски Емирати и обезбедија пласман на Светско првенство 2026. На гостите им требаше и бод за да тие одат на Мундијал ама изгубија и Катар ќе биде уште еден учесник од Азија. За време на дуелот, шпанскиот тренер Хулен Лопетеги кој е селектор на Катарците доживеа страшен удар со топка во глава.

Хрватот се отвори на евроголот на Барди

Уште не сме завршиле со мундијалските квалификации за овој месец. Го слушнавте ли хрватскиот коментатор на Спортклуб како го пренесе голот на капитенот на Македонија? Мислиш Лука Модриќ го даде.

Атмосферата на евролигашкото дерби Црвена звезда - Жалгирис

Црвена звезда го победи лидерот на табелата во Евролига Жалгирис Каунас 88:79 и по триумфот над Фенербахче во Истанбул ја забележа и втората сезонска победа и сега има учинок 2-2. Во драматичен натпревар, најинтересен од стартот на сезонаа во Евролига, навивачите на Звезда во белградска „Арена“ направија супер атмосфера.

Евроголот на вечерта е дело на Арбер Хоџа

Албанија не е за потценување. Под водство на Бразилецот Силвињо имаат скор од 16 победи, 6 нерешени и 9 порази и се многу блиску од бараж за Светско. По триумфот над Србија на гости, синоќа играа пријателска против Јордан кој го добија со 4:2. Погледнете го ударов на Хоџа од Динамо Загреб. Страшна бомба.

Друг пат на тренинг да ги договарате слободните удари

Нуно Мендес, Роналдо и Бруно Фернандеш се договараа што да искомбинираат од прекин против Унгарија. Бруно се тргна, овие двајцава не знаеа кај тераат.

Бидна и тоа, хулиганизмот ги зарази и Катар и ОАЕ

По дуелот Катар - Обединети Арапски Емирати кој заврши 2-1 со што Катарците предводени од Хулен Лопетеги се пласираа на Светско првенство 2026, гостинските навивачи се степале со домашните фудбалери, почнале да прават нереди, инциденти, нешто што не е својствено за фудбалските земји од овој свет.

Голчиште на Ретеги во стилот на Дел Пјеро

Италија тргна јако под водство на Гатузо кој има 4 од 4, со голема ефикасност од 16 дадени и 5 примени гола. На стадионот Фриули во Удине го совладаа Израел со 3:0. Два гола на Ретеги, од кои едниот мајсторски и еден на Манчини. Италијанците имаат 15 бода на 4 кола до крај и се на -3 од Норвешка.

Португалија ремизираше со Унгарија, нови два гола на Кристијано Роналдо

Во завршната вечер од репрезентативниот прозор за октомври Португалците кои се убедлив лидер во својата група одиграа само 2-2 со Унгарија која постигна златен гол во 90+1' минута од судиското продолжение. Кристијано Роналдо стигна до својот 947-ми па и 948-ми гол во кариерата и стана најдобар стрелец во историјата на квалификациите за Светско првенство!

Аргентина даде 6 на пријателска со Порторико, Меси ни еден

Светскиот шампион уште одамна ги заврши сите работи околу пласманот на Светско првенство 2026 и сега веќе некое време се подготвува за Мундијалот. Синоќа одиграа пријателска против Порторико во Форт Лодердејл во САД Лионел Меси одигра цел натпревар, не даде ниту еден гол а имаше 2 асистенции.

Андора им даде гол на Србите од 50 метри, па сама изедначи со автогол

Ах оваа Андора какви спомени ни носи. Дома 0:0 на замрзнат терен во јануари, кој бил знае, а таму го изедовме срамот 1:0 во време на Хари. Србите кои се во фудбалска агонија, замислете губеа од нив и тоа со гол од скоро пола терен на Силвиан Лопез во 17 минута. Само две минути подоцна извесен Гарсија сам си ја заби од корнер за 1:1. Триумфот од 1:3 го донесоа Влаховиќ и Митровиќ во вториот дел.

Селски фудбал, англиска верзија

Баш фино се разбраа. Браво.

За кратењето на една национална химна

9 октомври 1996 година. Шпанија и гостува на Чешка со Луис Енрике, Фернандо Јеро, а во екипа е и Раул Гонзалес кој дебитира за репрезентација на 19 години. Чесите сметаат дека шпанската химна е предолга, 2 минути и 30 секунди. После 1 минута се слушаат свирежи. Една година подоцна, на 10 октомври 1997 година, со кралски декрет се утврдува дека националната химна ќе трае 52 секунди за долга и 27 секунди за кратката верзија.

Најдобриот навивачки тапанар во Европа

Малиот вози ритам за тифозите на италијанскиот нисколигаш Паганезе. Чудо од дете!

Косовска асистенција на шашма

Изненадувањето на вечерта во мундијалските квалификации го направи селекцијата на Косово, која ја победи Шведска и тоа на гости. Стрелец на голот беше Фисник Аслани, после многу к`сметлиска асистенција на Велдин Хоџа. Муричи го погоди Хоџа во нога, по што топката се најде токму на местото на Аслани. Ретки се овие голови.

Давајте ја наградата „Ференц Пушкаш“ ваму

Братот мора да се најде на листа кандидати за престижното признание за најубав гол. Без разлика дали е ова аматерски, маалски или селски фудбал.

Ништо не е сигурно ниту за баражот, сега и Велс се прашува

Македонија речиси сигурно ги загуби шансите за првата позиција и сега ќе ја брката другата опција за остварување на мундијалскиот сон, која води низ подолг и потежок пат.

Зелено'ртски острови се пласираа на Светско првенство за првпат во историја!

Неверојатен историски успех направи фудбалската репрезентација на земјата со 525.000 жители која е членка на ФИФА од 1986-та година, земја во која фудбалските стадиони до скоро биле празни, со еден играч од Ирска во селекција најден на друштвени мрежи и стана втора најмала земја која некогаш отишла на Светско после Исланд.

А во Велс неочекуван гостин на терен

Белгија се крена и по примениот гол од Велс направи голем пресврт и на крај заслужено прослави убедлива победа од 2:4 во рамки од групата во која е и Македонија. Белгијците се сега први во група и имаат уште два натпревари до крајот. Во Кардиф на стадионот изненади на терен еден неочкуван гостин кој е редовна појава на „Олд Трафорд“ годиниве.

Истиот проблем на Градски со децении

Супер е тоа што Градски синоќа крцаше за Македонија, ама што беше со сцениве надвор? Митинг. Со оглед на големата продажба на билети, ФФМ апелираше да се оди најмалку еден час пред натпревар, ама џабе, пак иста песна. Но да не заборавиме уште еден факт. Јужна и Северна имаат само по два влеза, што значи проблемот ќе се влече уште децении. Во 20:45 уште не беа влезени сите.

Голеадата меѓу Велс и Белгија

Македонската фудбалска репрезентација од почеток на квалификациите го презеде првото место на табела во групата Ј и го чуваше љубоморно до овој 13-ти декември. Од вечерва прва на табела е Белгија која после пресврт го победи Велс на гости со 2-4. Белгијците ги чекаат уште два дуели: со Казахстан на гости и со Лихтенштајн дома. Македонија игра со Велс на гости.

Мајсторијата на капитенот Енис Барди - најубав гол на колото во квалификациите

Македонската фудбалска репрезентација неколку месеци гордо го чуваше врвот на табелата во група со силните Белгија и Велс и незгодниот Казахстан. Токму последниве се покажаа како тврд орев во натпреварот од историска важност за македонската репрезентација. Енис Барди постигна гол ремек-дело во негов стил за 1-1 и бод кој нешто значи.

Неверојатната шанса на Серафимов која ќе се памети

Дваесет и шест годишниот стопер на Левски Софија, Никола Серафимов влезе во игра на дуелот Македонија - Казахстан во 75' минута а во 90+5' минута ненадејно се најде во идеална прилика за гол. Шутираше непрецизно и пропушти шанса да биде херој кој ја донел посакуваната победа за три златни бода.

Барди го чува сонот за Светско првенство, горчеливо реми со Казахстан

Во седмиот натпревар од квалификациите за Светско првенство 2026, репрезентацијата на Македонија одигра само 1-1 против Казахстан, пропушти шанса да го сочува првото место во групата, но и натаму има шанси за врвот или барем доигрување.