Offside

Шпанија е првиот финалист на Мундијалот, откако вечерва во Далас ја надигра и ја победи Франција со 2:0. Актуелниот европски шампион ќе игра мундијалско финале по пауза од 16 години. Петти гол за Микел Ојарзабал кој реализираше пенал во 22 минута. Педро Поро го затвори мечот во 58 минута.

Церемонијата на доделување пехар и славјето на ПСЖ

Европскиот првак Пари Сен Жермен заслужено го одбрани пехарот во Лига на шампиони освоен минатата сезона, откако вечерва го победи Арсенал на пенали. Во основниот дел беше 1-1 а на пенали „топџиите“ промашија два и изгубија. Капитенот на ПСЖ Бразилецот Маркињос стана еден од ретките капитени кои го кренале пехарот во Лига на шампиони два пати по ред.

Спектакл во Будимпешта: ПСЖ ја одбрани европската титула!

На преубавата „Пушкаш Арена“, една од најмодерните во Европа, вечерва во финалето на Лига на шампиони, Пари Сен Жермен го совлада Арсенал на пенали откако во основниот дел беше 1-1. Парижаните се на тронот на Европа втор пат по ред.

После Синер испадна и Ѓоковиќ и тоа после 2-0

Младиот бразилски тенисер Жоао Фонсека направи сензација откако после 5 часа тенис по пресврт го совлада Новак Ѓоковиќ. Ноле имаше 2-0 во сетови, ги доби првите два сета со 6-4, 6-4 и кога сите очекуваа негов рутински пласман во следното коло, Фонсека се издигна од бездната и славеше. 19-годишниот Бразилец ги доби следните три сета 3:6, 5:7, 5:7 и ја забележи најголемата победа во неговата кариера а Ѓоковиќ го исфрли од борба за 25. Гренд слем трофеј.

Чудесен начин да се избегне испаѓање во втора лига

Екипата на Сарагоса направи луд пресврт во последното коло од шпанската кошаркарска лига откако победи против Рио Бероган 95-94 иако на 24 секунди пред крајот губеше со -6 поени разлика. Јунак: Италијанецот Марко Спису.

Македонија одигра без голови со БиХ на Кошево

Македонската фудбалска репрезентација одигра 0-0 против Босна и Херцеговина на пријателската средба на страдионот „Кошево“ во Сараево.

Луис Енрике со пофални зборови за Артета

ПСЖ vs Арсенал, шампионот на Франција против шампионот на Англија. Голема битка која ќе се одвива во Будимшпешта, во сабота со почеток од 18 часот. ПСЖ важи за фаворит според кладилниците и ќе ја брани европската титула. Луис Енрике се изрази многу позитивно за својот сонародник.

Коментар на стар Комита кој вреди да се знае

Сте слушнале ли до сега вакво нешто за спортски бренд на некоја друга држава? Навивачите да земаат кредити, за да им даваат плата на играчите? Само Комитите знаат ни сè што поминале, за  Вардар да опстои на дното и да не се распадне додека едвај преживуваше пред пар години.

Не е нормален Хари, во Пирло знае да се претвори

31 настап во Бундеслига - 36 гола или 51 настап на сите натпреварувања - 61 гол. Неверојатно. А да се само головите. Погледнете до каде се враќа.

Потег на денот од Ѓоковиќ, трибините на Ролан Гарос на нозе

39-годишниот Новак Ѓоковиќ го совлада домашниот миленик Валентин Роаје во 2. коло од Ролан Гарос со 3-1 по сетови 6:3, 6:2, 6:7, 6:3. Ова беше јубилеен 120. меч на Ѓоковиќ на париската земја што е рекорд по бројот на настапи на еден Грен Слем турнир. Новак имаше неколку спектакуларни поени со кои ја врати париската публика во најубавите денови од неговата кариера.

Топката со сензор со која ќе се игра на СП 2026

Уште недовршен клупскиот фудбал, кој ќе кулминира со финалето од ЛШ меѓу ПСЖ и Арсенал во сабота од 18 часот, за две недели нè очекува стартот на Мундијалот. Да се запознаеме со топката.

Нејмар со хеликоптер дошол во базата на Бразил

Бразилскиот ас дојде ровит во кампот на селекцијата на петкратниот светски шампион. Цела нација од него чека конечно да го однесе „Селесао“ во борбите за пехар во завршницата на еден Мундијал. Бразилците сонуваат пехар од далечната 2002-ра година, цели 24 лета. Нејмар дошол во кампот со негов личен приватен хеликоптер за да ги избегне гужвите и метежот.

„We are the champions“ ечеше во Јане Сандански

По пауза од три години, РК Вардар го крена првенствениот пехар, број 17 во нивната историја. Во последното коло, во доста ефикасен натпревар се помачи против Бутел кој го доби со 36:34.

Винисиус за Ламин Јамал

Двете светски ѕвезди кои ги одбележија последниве години во дресовите на Реал Мадрид и Барселона, Винисиус Жуниор и Ламин Јамал се големи ривали на теренот но не и надвор од него. Бразилецот покажа огромна почит за чудото од Барселона.

Ретко видена сцена: три стативи во еден ист напад

Кристал Палас со 1-0 го победи Рајо Ваљекано и го освои пехарот во Конференциска лига на УЕФА. Со овој триумф со голот на Матета во 51' минута, Палас осигура играње во Лига Европа следна сезона. А пред да поведат имаа неверојатен слободен удар преку Шпанецот Јереми Пино. Топката три пати завршуваше во статива.

Прв европски трофеј за Кристал Палас по супер финалето со Рајо Ваљекано

Фудбалерите на Кристал Палас го освоија пехарот во Конференциска лига откако го совладаа шпански Рајо Ваљекано 1-0 на преполниот стадион во Лајпциг.

Холандија со фино промотивно видео за Светско

Од час во час излегуваат промотивните видеа на репрезентациите учеснички на Светското 2026. За сега сите се со смисла и логика.

Људина!

Новак Ѓоковиќ на 22-ри мај наполни 39 години. Во моментов е на Ролан Гарос, местото каде ги биеше најголемите епски битки во кариерата. Уште е ведар, расположен за дружба со бројните симпатизери. Една девојка направила прекрасна слика од Новак и ќерка му Тара. И решила да му ја подари. Прекрасен гест на асот кој излезе од кола, ја гушна и се сликаше со неа.

Зидан уште го има штосот

Легендарниот француски фудбалер со алжирско потекло кој се прочу и прослави со врвни партии за Бордо, Јувентус и Реал Мадрид, веќе неколку години ужива во слободното време. Наводно одбил понуди да биде селектор на Франција после Дешам и тренер на Реал после Арбелоа.

Рајанер повторно брутален, овој пат на сметка на Челси

Сините од Лондон имаа очајна сезона. Завршија 10-ти со 14 порази и без пласман на ниту едно европско натпреварување. Рајанер ги дотепа.