Шпанија е првиот финалист на Мундијалот, откако вечерва во Далас ја надигра и ја победи Франција со 2:0. Актуелниот европски шампион ќе игра мундијалско финале по пауза од 16 години. Петти гол за Микел Ојарзабал кој реализираше пенал во 22 минута. Педро Поро го затвори мечот во 58 минута.
Полицијата во Лајпциг има полни раце работа изминативе 2-3 дена. Во овој град се играше финалето на Конференциска Лига меѓу Рајо Ваљекано и Кристал Палас кои неочекувано стигнаа до натпреварот за трофеј а на крај победи премиерлигашот со 1-0. Стотици навивачи на двата тима се напаѓале едни со други на повеќе локации низ Лајпциг. Полицијата привела десетина лица. Германската полиција веќе е навикната на вакви хулигански нереди.
Форбс ја извади листата на најскапо платени спортисти на светот во моментов. Целата група најскапо платени атлети заработила околу 1,4 милиони долари во последните 12 месеци. Групата ја предводи 41-годишниот Кристијано Роналдо.
Германците на Мундијалот летово доаѓаат од сенка. Ретко кој зборува за нив како некогаш кога сееја страв и трепет и беа светски шампиони. Еден од таа генерација, легендарниот капите на Баерн и на репрезентацијата на Германија Филип Лам напишал на табла како треба да изгледа составот на мајншафт.
Сандерленд е една од поубавите приказни на сезонава која само што заврши. Дојдоа од втора лига пред една година. „Стручњаците“ во студијата им се смееа пред старт на сезоната во Премиер лига. Ги мајтапеа и ги праќаа набрзо назад во втора лига. На крај „црните мачки“ се пласираа во еврокуп, ќе играат Лига Европа што е сон за навивачите.
Кога некогаш би го подигнал овој шампионски пехар, веројатно ќе се рефлектира празнината, темнината, болките, страдањата, илјадници тивки битки водени во тишината...
Навивачите на бразилски Коринтијанс се собрале пред клупските простории за да пратат своја порака пред изборите на кои изгубил досегашниот претседател на клубот Андрес Санчез поради коруптивни зделки. Навивачите прскале со сапуница за симболично да ја најават чистката во клубот која следува.
Интер Мајами и Филаделфија Унион одиграа луд натпревар со резултат 6:4, а воедно го одиграа најефикасното полувреме во историјата на МЛС кое заврши 4:4. Милан Илоски постигна хет-трик по првите 45 минути, а Луис Суарез одговори со хет-трик на цел меч.
Кошаркарите на Олимпијакос се нови владетели на европскиот трон откако во големото финале на Евролига после пресврт го совладаа големиот Реал Мадрид 92:85.
После 10 успешни сезони, Пеп Гвардиола го напушта Манчестер Сити како најтрофеен тренер во историјата на клубот. На емотивната проштална вечер за Пеп во арената „Ко-Оп Лајв“ пред околу 19.000 гледачи преку видео бим пораки до Гвардиола праќаа многу познати лица. Едно од нив е и најголемиот светски кошаркар на сите времиња.
Во Спартак Варна нема место за политика. Ѓоко Хаџиевски ги спаси од испаѓање и тоа со хет-трик на неговиот внук Георг Стојановски. Следуваше голема кафанска прослава од која македонскиот стратег објави микс на неколку хитови на Инстаграм. Меѓу песните викнаа и наша. Преубава атмосфера.
Еден од најлудите подеми во европскиот фудбал е оној на Комо. Од аматерски фудбал за седум години стасаа да играат во Лига на шампиони. Напредокот им изгледаше вака: 2019 — Серија Д
2019-2021 — Серија Ц, 2021-2024 — Серија Б, 2024-2026 — Серија А, 2026 — историски пласман во Европа и тоа како четврти пред Милан и Јуве кои заедно тежат 9 титули во ЛШ.
Бразилската втора лига ни носи сцена досега невидена ниту на јуниорски фудбал. Судијата им покажа жолти картони на сите резервни играчи на ЦРБ или барем на тие што ги виде, бидејќи истрчаа на терен за да прослават гол во победата од 4-2 над Понте Прета. Двајца на стадионот Реј Пеле се криеја зад рекламните табли како да се во градинка. Сепак, во извештајот од натпреварот и кај нив стојат жолти картони.
Селекциите кои ќе учествуваат на Мундијалот веќе се натпреваруваат уште пред да почне спектаклот во тоа кој ќе направи подобро промотивно видео со составите. На ред е четирикратниот светски првак Германија.
„На крајот го дочекавме моментот. По цели шест години борба се радувавме на новата титула која зад себе остави многу жртви, но која вечно ќе го симболизира црвено-црниот непокор и силата на Вардаровите навивачи! Вардар во срцето, Македонија во душата!“, напишаа најверните навивачи на Вардар.
Навивачите на Манчестер Сити ќе мора да се помират со крајот на ерата по име Пеп Гвардиола 2016-2026 или во превод 20 трофеи. Со таа бројка се закити и Бернандо Силва. Португалецот го изнасмеа Шпанецот.
Бројот 10 е на ептен видно место, кое од авион може да се види. Трите ѕвезди се подолу, а сината небесна боја очекувано доминира. Аргентина може да полета и да го брани мундијалскиот трофеј.
Едните имаат седум европски титули, а последната им е во 2007-ма. Другите се двократни европски прваци, кои барем во поново време играа три финалиња. Во 2003-та загубија токму од Милан, а потоа во 2015-та и 2017-та се соочија против Барса и Реал. Нема утеха другари кога знаете дека Комо е појак.
Кливленд се соочи со чистка во финалето на Истокот од 4:0. Точка на доминацијата беше ставена во четвртиот натпревар, кој Никси го добија со неверојатни 130:93.
Сезоната 2025/2026 во Премиер лига донесе нови големи успеси. Арсенал конечно го разби малерот и стана шампион. Историја се случи и во таборот на Манчестер Јунајтед. Бруно Фернандеш стана првиот со 21 асистенција во една сезона. Тјери Анри и Кевин Де Брујн имаат по 20.
Откако Арсенал ја заврши предвреме и ја завери титулата после 22 години, очите во последното коло останаа вперени во Лондон. Тотенхем - Евертон 1:0, Вест Хем - Лидс 3:0. Тотенхем се спаси, Вест Хем е второлигаш заедно со Барнли и Вулверхемптон.
Седумкратниот првак на Европа си ја уништи сезоната. Од прв на табела, на крај заврши петти после дебакл дома со Каљари (1:2). Во Лига Европа друштво ќе му прави Јуве. Комо, градче со 84.000 популација ќе има претставник во ЛШ за прв пат во историјата. Во елитата одат и Наполи и Рома.
Охрид одигра јуначко финале на гостувањето против Татабања која ја совлада со 28:29 со голот на Дарко Ѓукиќ во последниот напад од средбата. Во еден момент имаа и +7. Ѓукиќ и Ивановиќ фантастачни со по по 7 гола, исто и Пилиповиќ со 12 одбрани. На спротивната страна Талески постигна 2 гола. Судиите имаа сомнителен критериум и доделија дури 10 исклучувања за македонскиот тим.