Offside

Шпанија е првиот финалист на Мундијалот, откако вечерва во Далас ја надигра и ја победи Франција со 2:0. Актуелниот европски шампион ќе игра мундијалско финале по пауза од 16 години. Петти гол за Микел Ојарзабал кој реализираше пенал во 22 минута. Педро Поро го затвори мечот во 58 минута.

Големо шампионско славје на Градски, Мечка пак во први редови

Вардар и официјално ја завери и прослави шампионската титула број 12, прва во последниве шест години. Во последното коло само ја потврди доминацијата оваа сезона и ја растури Шкендија со 3:0, на која и се одлепи со 9 бода. Комити славеа на големо и тоа две ноќи по ред. Им се придружија Милан Лазаревски и Гоце Геогриевски.

Не му ѕвонете на принц Вилијам, ја снима Астон Вила

Принцот Вилијам е голем навивач на клубот од Бирмингем. Уште од млад ја засакал Астон Вила па ја следи со години на „Вила Парк“. Тој и стотици илјади други навивачи на овој клуб доживеаа да го освои првиот европски пехар после 25 години (во 2001-ва освоија Интертото Куп). Сега стигнаа до трофејот во Лига Европа. Додека се доделуваа медали некој му заѕвонел на британскиот принц. Им спуштил.

Врвно уживање за секој навивач на Арсенал

Драги Топџии, нема да видите ништо поубаво по интернетов деновиве на тема Арсенал.

Магијата на Ривалдо на дербито Бразил - Аргентина

Кога ќе видиме какви тезгериња ќе играат за Бразил на Светско првенство (со исклучок на некои добри играчи), носталгично се сеќаваме на едно време кога „кариоките“ имаа вакви мајстори како Ривалдо:

Хрватско турска заебанција на македонски во Минхен

Вака е многу посимпатично отколку со нашине драмолетки деновиве на фудбалско навивачката напната сцена.

Супер најава на Англичаните за Светско со Битлси

Маркетингот на учесниците на Светско им е пуштен на најјако. Сите промотивни видеа со составите на играчите на кои налетавме до сега, се одлично скоцкани и ептен гледливи. На ред е Англија.

Прав мангуп брани пенал и кога ќе ја погреши страната

Ако треба да се направи избор за најјака одбрана за 2026-та од пенал, огласот за пријавување е затворен. Победник е голманот на Кавасаки Фронтале на мечот против Мачида во јапонската прва лига.

Сите сценарија во битката за опстанок на Вест Хем и Тотенхем

Тотенхем - Евертон и Вест Хем - Лидс се двојките на кои ќе се внимава во недела со почеток од 17 часот. Вест Хем е во голема невоља, бидејќи има само еден начин да се спаси, а тоа е да победи, а нивните градски ривали да загубат. Има и втор, ама нека го заборават.

Емотивно збогум на Пеп Гвардиола

Јули 2016 - мај 2026. Завршува 10 годишната ера на Пеп на Етихад. Најуспешниот тренер во историјата на Манчестер Сити со 20 трофеи: 6 титули во Премиер лига, 5 Лига Купови, 3 ФА Купови, 3 Комјунити Шилдс, како и по една Лига на шампиони, Светско клупско првенство и Суперкуп на УЕФА. Каталонецот кој направи револуција во клубот, ќе остане и понатаму поврзан со клубот, овој пат во улога на глобален амбасадор, работејќи на специфични проекти и соработки.

Албумот кој еден татко го чува од Светско 1986

Некои поубави, помирни времиња, кога Светско првенство не беше како сега со 48 репрезентации од кои на некои не знаеме да им го изговориме името. Мундијалот 1986 во Мексико е култен, еден од најдобри во историјата. Аргентина стана шампион со Марадона, Германија беше втора а најдобар стрелец беше Гари Линекер со шест гола.

Ни еден играч на Ливерпул не е викнат за Англија на Светско

Уште од 1986-та година не се случило вакво нешто. Во репрезентацијата на Англија не е повикан за Светско првенство 2026 баш ниту еден фудбалер на Ливерпул.

Убавицата „ОАКА Арена“ каде ќе се игра Фајнал Фор на Евролига

Со новото име „Телеком Центар“ прекрасната Арена во Атина викендов ќе биде домаќин на Фајнал Фор борбите за пехарот. Капацитетот за кошаркарски натпревари е 18.500 гледачи, а се очекува најбројни да бидат навивачите на Олимпијакос и Фенербахче. Нешто помалку симпатизери ќе имаат Реал Мадрид и Валенсија.

Нова комедија пред гол и тоа пак со Расинг

Уште недочудени од голот кој го примија како во маало, да ти имало уште една смејурија од истиот меч меѓу Расинг и Каракас во Судамерикана. Овој пат со најбавната реакција на играч во ситуација сам на празен гол.

Дејо Савичевиќ ден-денес најмногу жали за едно нешто

Еден од најгенијалните фудбалери кои овој регион ги изродил, Дејан Савичевиќ кого Берлускони во Милан го завика баш така „Дејо Геније“, вели дека уште жали поради санкциите поради кои како репрезентација на Југославија не отидоа на Европско првенство 1992, Светско првенство 1994 и Европско првенство 1996. Во најдобрите фудбалски години на Савичевиќ, Југовиќ, Мијатовиќ, Пикси Стојковиќ, Бата Мирковиќ, Јокановиќ и многу други... 

Гол на векот за најсмешно видео инсерти

Расинг од Аргентина и Каракас од Венецуела одиграа 2:2 во Судамерикана, натпреварување кое е пандан на Лига Европа. Не паметиме дали воопшто сме виделе некој да прими ваков гол. Нереално.

ФФМ ќе ја казнува Шкендија по 6 основи

„Соопштението на ФК Шкендија има содржина која претставува навреда за здравиот разум. Парите и богатството не значат имање спортска и општа култура. Недозволиво е раководни структури и поединци да создаваат атмосфера на поделби, провокации и континуирано барање алиби за сопствените неуспеси, неспособност и незнаење“, велат од ФФМ

Роналдо во невидено еуфорично издание со тапан

По четири сезони мина во Саудиска Арабија, Кристијано Роналдо, конечно на 41 година ја дочека првата шампионска титула во друштво на Жоао Феликс, Мане и Брозовиќ. Даде два гола во последното коло, па плачеше од радост и на крај изненади со луда прослава.

Чекајте полека, да видиме дали сме шампиони

Трофејниот Клуб Бриж повторно е шампион на Белгија, по 20-ти пат во клупската историја. Во четвртокот вечер, во 9-то и претпоследно коло од доигрувањето за титула во белгиската Јупилер Про Лига, Клуб Бриж одигра 2-2 на гости кај Мехелен и до последен момент чекаше како ќе заврши дуелот меѓу ривалот за титулата Унион Сен Жилоа и Гент.

Роналдо со два гола до прва титула во Саудиска Арабија

Кристијано Роналдо конечно го освои Блискиот Исток и стигна до првата шампионска титула во неговата четврта сезона во Саудиска Арабија, прва за Ал Наср од 2019-та.

Ќе има ли медиумско политичка фама за свирењето на македонската химна на Градски?

Миленко ја утна ептен што објави видео на кое шампионите на Македонија пејат вулгарно против една од најславните македонски пејачки. Но, што правиме сега со свирењето на македонската химна во финале на македонски Куп? Ќе се правиме на будали?

Интересен навивачки изум

Северна Африка во последниве години импресионира со спектакуларни навивачки изведби. Им завиди цела Европа на кореографиите, скандирања, песни, пиротехника. И нови идеи:

МВП на НБА со глума на сезоната

Оклахома Сити Тандер, актуелниот шампион во НБА овојпат го одбрани домашниот терен на вториот натпревар од финалната серија на Западот. Тандер го победија Сан Антонио Спарс 122-113 и израмнија 1-1 во серијата која сега се сели во Тексас. Најефикасен беше МВП-то Шеј Гилџес-Александер со 30 поени, 9 асистенции и 4 скока, но и со некои беспотребни глуми.

Лига Европа да се преименува во доктор Унаи Емери

Пехарот во масовниот турнир Лига Европа на УЕФА како да е преодреден на Унаи Емери, Шпанецот кој право чуда каде и да отиде. Освои дури 5 рекордни трофеи во ова натпреварување. Сега со Астон Вила која со 3-0 го згроми Фрајбург во финале.

Вембанјама се чудеше на забивањето на свој соиграч

Оклахома му направи брејк на Сан Антонио во финалето на Западот. Рукито Стефон Касл беше прв стрелец во својот тим. Погледнете му го ова лудо „Ол стар“ забивање, а потоа реакцијата на Вембанјама и Реџи Милер.