Offside

Една картичка на Купер Флег е продадена за неверојатни 8 милиони долари! Извесен Џејсон Вилијамс од Јужна Калорина ја платил оваа сума на аукција во куќата „Фанатикс Колект“ со што картицата на кошаркарот на Далас Маверикс стана трета најскапа кошаркарска картичка некогаш продадена.

Новак Ѓоковиќ донирал 300.000 евра за помош на хрватски Омиш

Трофејниот српски тенисер преку својата фондација донирал 300.000 евра за помош на настраданите од страшните пожари во хрватски Омиш.

Неверојатен слалом на меч за слепи лица

Работава да видам, да не верувам.

Пенал на денот

Сакаме етиопско првенство на спортските канали.

Како изгледа изведување аут во должина од 45 метри?

Надер Мохамади од Спартак Кострома (Русија) стана рекордер со најдолг изведен аут, барем откако RuStat ги следи податоците од 2021-ва. На мечот против Уфа, царот успеа со помош на салто да изведе неверојатен аут од 45,6 метри. Топката во воздух патувала 51,6 метри и достигнала максимална висина од 10,8 метри.

Што е со Мусиала - ѕвездата на Баерн Минхен два пати се онесвестила за три дена

Алармантна е ситуацијата во Баерн Минхен за еден од нивните најдобри фудбалери Џамал Мусиала. Германскиот репрезентативец два пати во само три дена изгубил свест за време на натпревар. И не било поради огромни горештини во летниот период што знае да биде причина.

Родри со видео обраќање: Видовме работи што другите никогаш нема да ги видат

Златната топка од 2024-та го затвори богатото поглавје со Манчестер Сити, тешко 13 трофеи во 7 сезони. Отвора ново, повторно во клуб за кој само трофеите се опција. Барселона.

Медведев се степа со рекламите

Рускиот тенисер Данил Медведев кој важи за најексцентричен тенисер, лесно може да направи скандал и да ја шокира публиката. Синоќа на Мастерсот во Синсинати изгуби од Американецот Брендон Накашима со 1-2 а во еден момент од дуелот фрлаше со рекетот кон рекламите.

Тренерот на Јувентус со фората на турски слаткар

За време на традиционалната средба меѓу првиот тим на Јувентус и младинците Јувентус Некст Џенерејшн (2-0), Лучано Спалети си поиграл со еден гледач кој му барал автограм.

Газда на албански клуб со вреќа пари влезе во соблекувална

Динамо Тирана или Динамо Сити како што се вика клубот по ново од 2023-та година ја совладал летонска Ауда 4-0 и се пласирал во баражот за пласман во Конференциска лига каде ќе игра против кипарски Пафос. Сопственикот на клубот Ардијан Барди донел вреќа со премија од илјадници евра за фудбалерите. И плус им ветил астрономска премија од 500.000 евра на играчите и стручниот штаб ако го поминат Пафос и влезат во Конференциска лига.

Јака тениска мангупарија е ова

Корентин Муте од Франција, кој е 57-ми на АТП, сака да ви покаже нешто на мрежа. Кој би рекол а?

Соло мајсторијата на Гринвуд

Ништо не е решено по првите три плејоф средби од Лига на шампиони кои завршија нерешено. Лион имаше предност во Истанбул, но Мејсон Гринвуд покажа зошто Фенербахче плати 39 милиони евра за него. Сам против сите за конечни 1:1.

Луд гол на Викинг во Загреб

Викинг извади 2:2 против Динамо Загреб на гости на првиот плејоф меч од ЛШ и тоа уште во прво полувреме после негатива од 2:0. Обрнете внимание на потегов на Питер Кристијансен. Кој очекуваше ваква завршница?

Шоуто на Фенербахче пред мечот со Лион

Сите три средби синоќа завршија нерешено во плејофот за ЛШ: Левски Софија - АЕК Атина 0:0, Фенербахче - Лион 1:1, Динамо Загреб - Викинг 2:2. Турците немаат играно групна фаза во елитата од сезоната 2008/2009 и за да го разбијат малерот ќе мора да одат на победа на реваншот во Франција. Погледнете ја атмосферава. За фудбал живеат.

Норвешка ТВ: „Стадионот на Динамо Загреб е дупка и се распаѓа“

Хрватскиот фудбалски хегемон Динамо Загреб 21. сезона по ред ќе игра во еврокуповите, редок подвиг дури и за најголемите европски клубови. Но „модрите“ додека чекаат нов стадион од градските власти, ќе играат на својот стар, истрошен и трошлив „Максими“, неофицијално најгрдиот стадион на континентот на кој секоја година се игра Лига на шампиони или Лига Европа.

Кога Родри на пат кон Барселона ќе ти прелета над куќа

Шпанскиот новинар Џерард Ромеро на стрим го следеше летот на Родри од Манчестер во Барселона, за потоа да сконта дека над глава му поминал.

Најлудиот голмански тренинг

Спиеш ли мирно Емилиано Мартинез?

Најава за серијалот „Љубовта наша голема“

Вардарци за крајот на оваа година најави документарец по повод 65. роденден, посветен на сите генерации кои го граделе и бранеле неговото име, на легендите, играчите, тренерите и навивачите кои оставиле неизбришлива трага во историјата на клубот. Открија мал дел од првата епизода во која гостува верниот навивач Александар Узуновски - Узун.

Срам за Мбапе, со сета сила удри фудбалер на Шалке од зад грб

На полна „Фелтинс Арена“ во Гелзенкирхен пријателски натпревар одиграа Шалке и Реал Мадрид. Гостите од Шпанија победија 0-3 со головите на Мбапе во 6', Хујсен во 20' и Еспи во 57' минута. Мбапе се посрамоти кога во првиот дел од грб му се пуштил на репрезентативецот на БиХ Никола Катиќ и го удрил силно со рака во глава. Не добил ниту жолт картон за ова.

Необичен бараж: Во Лига на шампиони можат да влезат Сабах, Викинг, Левски, Слован

Вечерва и утре вечер се играат првите натпревари од баражот за влез во Лига на шампиони, последно квалификациско скалило пред сонуваната елита. Реваншите се на 25-ти и 26-ти август.

„Прекрасна опсесија“, нов документарец - за Пеп Гвардиола во Сити

„Прекрасна опсесија“ се вика документарецот кој ги опишува последните две години на најдобриот тренер на денешницата Пеп Гвардиола на клупата на Манчестер Сити. Пеп размислувал дали да замине уште во ноември 2024-та но го продолжи договорот и остана уште 18 месеци да му помогне на клубот да освои уште трофеи. Сити во еден момент западна во тешка резултатска криза од која Пеп успешно ги извлече пак на прав пат.

Тенисерка среде меч пиеше пијалак што отвори дебата

Русинката која игра под американско знаме Аманда Анисимова за време на дуелот на Мастерсот во Синсинати против Алекс Еала, пиела пијалак кој ги подели и коментаторите и гледачите. Сок од јаболко ли е, пиво ли е?

Од преговори со Реал Мадрид до деби во 9-та лига

Некогашниот германски репрезентативец Никлас Зиле ја шокираше германската јавност откако пред пар месеци објави дека ја завршува активната фудбалска кариера. Се пензионира на само 30 години а причина за тоа се честите тешки повреди кои ги доживуваше. Имаше неколку операции, неколку пати имаше скинати лигаменти и веќе во очај поради тоа, решил да стави крај на кариерата.

Ама ги заеба

И според земањето залет и по движењето на телото, делуваше дека ќе ја нафрла. Арно ама мајстор Витор Буено од Ремо, го надмудри цел тим на Интернасионал.

Уште колку вакви сцени ни се потребни да се сетиме дека сме исто семејство?

Две словенски сестри во емотивна прегратка по освојувањето на златото и бронзата, во финалето на Европското првенство во фрлање копје.