Offside

Ако Погачар биде севкупен победник, тој ќе стане најуспешниот велосипедист во историјата на Тур де Франс со пет трофеи, заедно со Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индураин.

Пресингот на Хари Кејн е бр. 1 во Европа

За време на дуелот Баерн Минхен - ПСЖ на Светско клупско првенство, Хари Кејн истрчал пресинг кој треба да биде прикажуван на тренинзи во фудбалски школи како дефиниција за силен пресинг врз противникот.

Ливерпул со трогателно видео за својот Диого Жота

Прашање е како англискиот шампион ќе се опорави од страобалната загуба на својот фудбалер Диого Жота. Португалецот 5 години беше неизоставен дел од шампионските екипи на Ливерпул а сега без него нема да биде исто.

15 години од најзлатниот гол во шпанската фудбалска историја

На стадионот „Сокер Сити“ во Јоханезбург, во Јужна Африка на 11. јули 2010-та година се одигра големото финале Холандија - Шпанија. Шпанците победија 1-0 со гол на Андрес Иниеста длабоко во продолженијата, на 4 минути пред крајот. Овој златен гол на Шпанија и го донесе првото светско злато во својата историја. Шпанците за првпат станаа светски пргваци.

Дремката не бира време ни место

За време на дуелот од четвртфиналето на Вимблдон меѓу Новак Ѓоковиќ и Флавио Коболи кој Србинот го доби со 3-1 во сетови, легендарниот 64 годишен англиски глумец Хју Грант дремнал убава дремка неколку минути.

Ретко кој имал ваков пречек на Бомбонера

Леандро Паредес e дете на Бока Јуниорс. Роден е во Буенос Аирес и Бока му е матичен клуб. Од 2015-та замина по белиот свет. Играше за Кјево, Рома, Зенит, Јувентус, ПСЖ и сега после 10 години се враќа дома. Го пречекаа како Марадона на времето. Полни трибини, кореографија, конфети, бакљи...

Поенот што го одиграа Новак и Јаник пред еден месец во полуфинале

Синер и Ѓоковиќ денеска од 16:30 ги чека голема битка на Вимблдон за пласман во финале. Во меѓусебните дуели Италијанецот води 5:4, но Србинот има 2 од 2 на Вимблдон. Минатиот месец играа полуфинале и на Роланд Гарос кое Синер го доби со 3:0. Погледнете ја оваа убавина од тенис. Ама и страшна упорност на двајцата.

Марк Маркез по звук ги препознава патеките на Мото ГП

На шесткратниот шампион на Мото ГП, не му треба никаква слика, видео или било каков кадар од патеките на кои растура, туку само слушалки. Сите ги погоди. Само од слушање како брмчи мотор.

Од Спорт Клуб го прашуваат Федерер да го прогнозира полуфиналето Ѓоковиќ - Синер

Го изненадија од кола и го начекаа малку неспремен. Роџер се помисли и на крај реши да типува на искуство.

Головите од првата европска победа на Вардар после 8 години

ФК Вардар успешно ја стартуваше европската авантура во Конференциската лига и славеше сo 3:0 над Ла Фиорита од Сан Марино во 1. квалификациско коло. Стрелци Омерагиќ, Јанкулов и Роџерс Мато. Реваншот е на 17 јули на гости.

Комити со остра порака до ЕУ

Вардарци успешно ја завршија домашната задача против Ла Фиорита од Сан Марино и ја совладаа со 3:0 во 1. квалификациско коло од Конференциската лига. Најверните нивни навивачи, Комити удрија силно против Европската Унија.

Кога на Роберто Карлос му се случи „где је лопта“

Илхан Мансиз е веројатно единствениот фудбалер на планетата кој успеал да му продаде една ваква бразилска финта на најславниот бразилски бек. За работи за мундијалското полуфинале 2002 меѓу Бразил и Турција. Мораше со фаул да му одговори.

Хероина на Вимблдон: Бенчиќ пред 15 месеци роди бебе, сега е во полуфинале на Вимблдон

„Велат дека треба да се спие истовремено кога спие и бебето - а јас тренирав“, вели најголемата хероина на овогодинешниот најпрестижен светски тениски настан Вимблдон.

Великодушноста на Алкараз кон ресторанот кој го ранел како среднoшколец

Карлос на 22 години е милионер и славно тениско име. Но, очигледно уште од млад му работи кликерот и знае како да им врати на оние кои му помогнале.

Последниот танц на Модриќ во дресот на Реал Мадрид

„За ова вреди да се плаче. Збогум, Лука“, пишува Марка.

Ѓоковиќ знае трик да се справи со анксиозност

Само оној кој поминал или поминува низ анксиозноста, знае колку таа може да биде неподнослива и крајно фрустрирачка. Луѓето во оваа состојба се спремни да пробаат какви било вежби/трикови/финти со цел макар на момент да се справат со оваа непријатна состојба. Млад дечко од Србија објаснува како Новак се справува.

Со каква статистика Мбапе ја заврши сезоната?

Ѕвездата на Реал Мадрид не можеше да направи ништо во дебаклот кој им го приреди неговиот поранешен клуб ПСЖ кој со 4:0 ги растури во полуфинале на Светско клупско првенство. Парижаните одат во финале каде ги чека Челси. Реал Мадрид оди на одмор. Мбапе пред турнирот во САД закачи гастроентеритис и ослабнал цели 6 килограми. Ама на крајот кога ќе подвлече црта може да е задоволен од сезонава.

Ретко некој да си поигрува вака во шеснаесетникот на Реал

ПСЖ дефинитивно е најголема фудбалска сила сезонава во Европа, а му преостана уште Челси за да докаже дека е број 1 и во свет. 4:0 го шинаа Реал. Погледнете што им правеа на кралевите Бредли Баркола и Гонзало Рамос. Како мали деца ги играа.

Нови два комада на Лео Меси, игра во топ форма!

Во својот 18-ти натпревар во МЛС лигата сезонава (другите имаат по 20 и 21 поради тоа што Интер Мајами играше на Светско клупско првенство), екипата на Лионел Меси со 1-2 на гости го совлада Њу Ингланд и е на 5. место со 35 бода.

Страста на Бразилците за фудбал во трета лига

Навивачите кои го режираат овој спектакл се на Виторија пред натпреварот против Томбенсе во бразилската трета лига. Па ова е јако на видео да го гледаш, а не па да си таму.

Што пејат бе овие?

Митко Стојковски, 28 настапи и 5 гола за Македонија. Ванчо Мицевски 25 настапи и 8 гола за Македонија. Инаку Митко е роден во Битола, а Ванчо во Скопје. Да ги чуеме.

Потоп на кралевите, ПСЖ убедливо до финале

Европскиот првак е немилосрден и уште еднаш им покажа на големите екипи дека сезонава е најсилен. Му преостана уште само еден тест. Челси.

Ѓоковиќ го победи Коболи и оди на Синер во полуфинале

Новак Ѓоковиќ со 3-1 по сетови 7:6, 2:6, 5:7, 4:6 го совлада младиот Италијанец Флавио Коболи во четвртфинале на Вимблдон и закажа мега дуел со големиот ривал Јаник Синер за петок.

Сари ќе биде презентиран на прес без новинари, навивачите: Ова го нема ниту во Северна Кореа

Во Лацио кам бек прави големо тренерско име, а тоа е Маурицио Сари со кој преклани завршија втори на табела. Но, како што стојат работите, уште не почнат може да ги откачи, како што направи Марсело Биелса.

Алкараз ги изнасмеа сите на тренинг

Младиот шпански тенисер кој го напаѓа првото место на светската ранг листа (ќе му го земе на Синер ако освои Вимблдон), на денешниот тренинг ги изнасмеал сите кои се нашле тука. Имитирал веројатно фудбалери.