Си видел црвен картон во 50-та секунда?

На дуелот меѓу Рен и Ленс во француската Лига 1 гостинскиот фудбалер Жонатан Градит направи груб фаул како последен играч уште на почеток во 48-ма секунда и доби директен црвен картон. Неговите соиграчи лавовски 90 и кусур минути се изборија за 0-0 и голем бод од тешко гостување.

Ова не е најбрз картон во историјата на францускиот фудбал. Во септември 2022-ра година на дуел против Анжер, стоперот Жан-Клер Тодибо доби црвен картон после само 9 секунди фудбал од стартот на натпреварот поради груб фаул над Секо Фофана.

29 септември 2025 - 10:11