Offside

19 златни, 19 сребрени и 12 бронзени за вкупна бројка од 50 медали на Италија, која доминантно го заврши Европскиот младински олимписки фестивал во Скопје. На втората позиција е Франција со 38, а трета е Шпанија со 33. Македонските натпреварувачи за жал останаа без најдрагоценото спортско одличје.

Емотивна разделба на Начо со Реал Мадрид

Бекот на Реал Мадрид заплака кога му пуштија видео од најубавите моменти и успеси со клубот на кој му беше верен од 10 годишна возраст.

Фудбалер на Партизан доби бесплатен украински рингишпил

Партизан загуби 6:2 од Динамо Киев во 2. квалификациско коло за ЛШ и се соочи со највисокиот меѓународен пораз во последните 40 години. Кутриов и денес има вртоглавици.

Стефан Ристовски еднаш вардарец, засекогаш вардарец

Во најтешките моменти, кога многумина го забораваа, Рики беше тука за Вардар и помагаше. Прво што направија црвено црните кога пристигнаа на Максимир е подарок за Рики, се разбира дрес од Вардар.

Барем успеа ли да му ја земе?

После 24 Гренд слем титули на Ѓоковиќ, 22 на Надал и 20 на Федерер, мислевме дека сè сме виделе во тенисот. Ама не е така. После овој клип имаме гем, сет и меч.

Македонските олимпијци се чекираа во Париз

Олимписката делегација на Македонија пристигна на најмасовниот планетарен спортски собир во друштво на 10.714 спортисти од 206 земји. Нека им е со среќа.

Џеко му го разубави дебито на Мурињо со хет-трик

Во второто квалификациско коло од ЛШ синоќа се одиграа 11 средби. Најефикасни беа: Динамо Киев - Партизан 6:2 и Лугано - Фенербахче 3:4. Мурињо славеше во негов стил.

Нова голеада на Македонците во Шкотска, овој пат со три гола на еден меч

Како што се зголеми македонската колонија во Шкотска, така паѓаат и повеќе голови. Па тек уште Бојан кога ќе пристисне гас.

Јака банана попи Јанис од Никола

Србија беше убедлива во тест мечот против Грција пред Олимписките игри и славеше со 22 поени разлика. Веројатно најатрактивниот момент на мечот е блокадата на Никола Милутиновиќ во дуел со Јанис Антетокумпо.

Го имаме голот на сезоната во женска конкуренција

Запознајте ја Нина Матејиќ ала Роналдо да Лима или Меси, како сакате. Има 19 години, игра за Црвена Ѕвезда, а на младинското Европско првенство изведе ремек дело за селекцијата на Србија против Англија. 

Расистичка кореографија на навивачите на Легија Варшава

Полското фудбалско првенство ја стартуваше новата сезона, а навивачите на Легија Варшава кои се познати по отворените и скандалозни пароли, се истакнаа уште во прво коло.

Графичкиот дизајнер на Феенорд се надмина себе си

Феенорд има ново лого. Мајсторот што го смислил им е врвен, а разликата е очигледна.

Што е со офсајд линијата во Венецуела?

На фудбалот дефинитивно му треба ВАР за да го проверува веќе постоечкиот ВАР. Но во Венецуела имаа други маки. Таму нема ВАР технологија, а во второто коло од првата лига се случи линијата да е во офсајд.

Најдоброто од Јокиќ против Грција

Србите ја темпираат формата пред Париз 2024. По високиот триумф над Јапонија со 19 поени разлика, Грција ја победија со +22. 16 поени, 8 скока и 6 асистенции за МВП-то на сезоната во НБА, кој одлично го разигруваше тимот.

Три пати брату, балканското

Богдан Богдановиќ и брат му на Јанис, Танасис Антетокумпо се поздравија како на слава. Инаку Србите во пријателска пред стартот на Олимписките игри ја добија Грција убедливо со 94:72.

Го најдовме идеалниот спорт за на лето

Одбојка во сала на затворено не е добра идеја. Одбојка на плажа е бетер, поради жешкиот песок. Одбојка на вода? ДА. Инаку идејата се реализираше во Љубљана, по втор пат, а турнирот беше меѓународен и траеше два дена.

Дејан Ловрен за Новак Ѓоковиќ

Дефанзивецот на Хрватска кој освои второ и трето место на последните два Мундијали им одржа куса лекција на оние кои во 21 век уште се бават со национализам.

Пази која песна му ја свират на Џордан во кафана во Грција

Ненадминливото интро на Чикаго Булс, од кое ни проаѓаат морници и по 30 години, ечеше во еден француски ресторан на Миконос со помош на саксофон. Повод е гостинот кој се вика Мајкл Џордан. Немаме инфо колку бакшиш оставил. Атмосферата е прекрасна.

Лудило во Сплит за Иван Ракитиќ

Иван Ракитиќ и официјално е нов играч на Хајдук и веројатно наславната и најтрофејна ѕвезда која ќе заигра на Пољуд.

Ивановски и Рељиќ знаменосци во Париз, Ева Петровска откажа

Наместо првично најавените седум, Македонија на Олимписките игри ќе ја претставуваат шест спортисти во шест спортови. Има најава и за медал.

Херојската одбрана на Галевски вреда историски триумф над Франција

Македонската ракометна репрезентација до 20 години одигра Европско за паметење со само еден пораз и заврши на одличната 9-та позиција на континенталниот собир. На последниот меч, голманот на Алкалоид Иван Галевски им фати пенал за Французите во финишот од мечот за голема победа од 30:29 по што настана делирум меѓу избраниците на Раде Стојановиќ.

Заслужи малиот

На 16 години и даде еврогол на Франција во полуфинале и направи четири асистенции на ЕП. Ден пред финалето наполни 17 години, стана Европски првак и беше прогласен за најдобар млад играч на првенството. Заслужениот одмор Ламин Јамал го тера во Грција.

Старо, ама добро

Мануел Ноер знае многу добро каде е забавата на лето. Остај друго, него и спремен е дечкото за хрватска песна. Не бе, овој не е Германец.

Еврогол на кариерата за Давид Бабунски

Повремениот македонски репрезентативец Давид Бабунски имаше деби за шкотски Данди Јунајтед какво што секој ги посакал. Со страшно голчиште од слободен удар, речиси од корнер и од мртов агол, во стилот на најголемите мајстори од прекин. Голот го постигна во 17-та минута, а Данди славеше 2:1 проти Еар во 3. коло од Лига Купот.

Ма каков Вимблдон, поенот на годинава е овој и ниту еден друг

Кантен Алис, 192-ри тенисер во светот, на АТП турнир во Швајцарија изведе нешто што ретко или скоро никогаш не се гледа во тенис.