Зајон Вилијамсон се стопил

Њу Орлеанс сосема оправдано ставил клаузула во договорот на некогашниот прв пик на драфтот и голема ѕвезда која многу ветуваше во НБА лигата, Зајон Вилијамсон дека при евентуална голема тежина и неприлагодливост ќе му се крати од платата.

Зајон Вилијамсон пред сè за неговото здравје и за форма, летово стопил многу килограми. Во договорот потпишан во 2023-та, Њу Орлеанс од него барал тој шест пати годишно да се качува на вага и таа секогаш да покажува под 133 килограми.

Имало и услов да одигра одреден број натпревари во сезоната. Тој лани одиграл само 30 што ја активирало клаузулата и сега морал да ослабне ако сака да ја сочува финансиската корист.

„Но тој одигра само 30 натпревари што ја активираше клаузулата која ги поништи гаранциите за последните три години од договорот. Сега, секоја сезона тој мора да исполни разни критериуми за да добие гарантирана сума секоја следна сезона од договорот. Прва е клаузулата за тежина... После има потребен број на одиграни натпревари што беше проблем минатата сезона“, вели Моли Морисон од Бличер Репорт и додава:

„Замислете вака: тој ги исполнува сите цели сезонава и следната сезона платата му е гарантирана во целост. Но ако пропушти критериуми за тежина или премногу натпревари, не само што ќе заработи помалку пари, туку и Пеликанс ќе му скратат повеќе и ќе добива практично ништо“.

Договорот бил реструктуриран. За сезоната 2024-2025, само 50% од платата на Вилијамсон била гарантирана. Од 2025 до 2028 нема гаранции на плата се додека тој не исполни договорени услови до 15-ти јули секоја година.

За сезонава 2025/2026, Вилијамсон мора да ги помине сите шест мерења на вага ако сака да осигура 20% од својата плата. Други 40% од платата се гарантирани само ако одигра најмалку 41 натпревар, плус 20% ќе добие за 51 натпревар и плус уште дополнителни 20% ако стигне до 61 одигран натпревар.

Истите критериуми важат и за следната сезона 2026/2027 и се така до крајот на договорот. Истиот подразбира и клучни црти како редовно мерење и евалуација (проценка) на неговата десна оперирана нога.

Минатата сезона и покрај сите маки со повреди и тежина, Вилијамсон во просек имаше одлични 24,6 поени по натпревар, 7,2 скока во просек и 5,3 асистенции со 1,2 украдени топки на 30 натпревари со што докажа дека ако е здрав и ако ги исполнува условите ќе биде меѓу најдобрите играчи во лигата.

На медија-денот во Њу Орлеанс Пеликанс, Зајон Вилијамсон детално објаснил како слабее и се држи во фрома. Кажал дека долго време работи со Тереза Витерспун, петкратен шампион во женската НБА која била помошен тренер во Пеликанс од 2020 до 2023 и главен тренер женскиот тим на Чикаго Скај во 2024.

28 септември 2025 - 11:13