Синот на Џиџи Буфон дебитираше во Куп на Италија

Луис Томас Буфон е син на Џанлуиџи Буфон од првиот брак, со чешкиот модел Алена Середова. Малиот има 17 години, во декември ќе полни 18. Лани дебитираше во сениорски фудбал во втора лига Серија Б, а сега заигра за првпат и во Купот на Италија. Влезе во игра за Пиза на мечот против Торино.

„Мојот Лоло“, напишала мајка му Алена Середова под една објавена фотографија на Инстаграм. Таа во минатото изјави дека нејзиниот син е горд Чех, дека личи на дедо му и дека секогаш кога и да го прашаат што е, тој вели дека има двојно државјанство, италијанско и секогаш потенцира чешко.

Луис Томас Буфон лани дебитираше во сениорски фудбал во Пиза, во втора лига каде тренер му беше Џиџи Буфон.

26 септември 2025 - 12:17