Веќе е позната филмската приказна кога Манчестер Јунајтед му гостуваше на Спортинг Лисабон на пријателски натпревар во Португалија. Кристијано Роналдо на 18 години буквално маста им ја извади на шампионските играчи на Јунајтед па Сер Алекс Фергусон после мечот рекол дека не си оди додека не го потпишат чудото од дете. И го доведоа набрзо во Јунајтед.