Жиру да ви покаже како се скока и решава меч на 39 години

Лил го совлада Бран од Норвешка со 2:1 во ЛЕ, благодарение на Оливие Жиру. Овој човек не старее и го запиша третиот гол на својот петти настап. Влезе во 67-ма минута, по само 13 минути игра му донесе победа на својот тим, а воедно стана и најстар стрелец во историјата на Лига Европа, откако влегол од клупа. Погледнете го овој небесен скок во дуел со двајца. На 30 септември полни 39 години. 

26 септември 2025 - 09:54