
Во 1. коло Каират поминал буквално низ три временски зони кога постави нов рекорд во Лига на шампиони за најдалечно гостување откако играа кај Спортинг Лисабон (4-1) во Португалија. Првакот на Азербејџан пропатувал тогаш 6.900 километри до Лисабон со авион пред две недели.
Реал Мадрид сега ќе мора да помине 6.441 километар со авион за да се појави на стадионот со капацитет од 24.000 гледачи „Орталик стадион“ кој е технички во централна Азија и кој е еден од поубавите тамошни стадиони.
„Летањето до Казахстан не е лесно. Домашните натпревари во Алмати ќе бидат голема предност и секако, со нашите навивачи ќе биде како неосвоива тврдина“, вели одбранбениот фудбалер на Каират Дамир Касабулат.
Алмати е главен град на Казахстан, сместен во јужниот дел од земјата, а парадоксално поблизу е до Пекинг отколку до Мадрид. Шпанскиот гигант во меѓвуреме летал 13 часа за да стигне до Алмати, односно дури цели пет часа подолго отколку што им треба да стигнат до Њујорк.
Казахстан е член на УЕФА од 2002-ра година.
„Историски е што казахстански клуб се пласираше во Лига на шампиони за првпат по една деценија. Многу е важно финансиски и целата земја е зад нас“, вели претседателот на Каират Боранбајев и додава: „И честитаме на Европа што ги прошири своите граници за да му дозволи на Каират да ги игра овие натпревари. Веруваме дека ќе направиме малку бука во Европа“.
Каират е голем аутсајдер против силниот Реал Мадрид со Килијан Мбапе, Винисијус Жуниор и Џуд Белингем, екипа која вреди до 1,2 милијарди фунти според реномираната германска страница Трансфермаркт.
Казахстанската екипа ќе мора да пропатува околу 25.000 километри за 4 гостински натпревари во Лига на шампиони сезонава - многу повеќе од кој и да било друг клуб од 36 учесници.
„Кога влеговме во Лига на шампиони сфативме дека ќе има многу патување но тоа е попрво награда отколку проблем. Ова е најтежок испит за нашиот фудбал но и награда, сонот е исполнет и ова е историски момент за казахстанскиот фудбал“, вели Рафаел Уразбахтин, тренерот на Каират, екипа составена претежно од домашни играчи, со по некој Бразилец или Португалец.