Капитенот капитенски - Боуен со прекрасен гол за бод на Вест Хем

Екипата која се наоѓа во криза поради што навивачите протестираат против управата и бараат да замине, синоќа на гости кај Евертон одигра 1-1. Губеа 1-0 ама капитенот Џаред Боуен со прекрасен гол израмни и им донесе многу важен бод од тешкото гостување. Вест Хем играше за првпат под новиот тренер Нуњо Еспирито Санто кој дојде на местото на избрканиот Грем Потер.

После шест кола Вест Хем е на претпоследно 19-то место во Премиер лига со само 4 освоени бода. „Чеканите“ имаат 1 победа, 1 нерешена и дури 4 порази. Евертон е 9-ти со 8 бода (2-2-2).

30 септември 2025 - 09:11