Offside

На стадионот „Сокер Сити“ во Јоханезбург, во Јужна Африка на 11. јули 2010-та година се одигра големото финале Холандија - Шпанија. Шпанците победија 1-0 со гол на Андрес Иниеста длабоко во продолженијата, на 4 минути пред крајот. Овој златен гол на Шпанија и го донесе првото светско злато во својата историја. Шпанците за првпат станаа светски пргваци.

Телохранителот на Меси пак леташе како стрела

Во фудбалската лига на САД, МЛС лигата има уште едно коло до крајот на регуларниот дел. Интер Мајами на Меси, Суарез, Алба и Бускетц е на прва место во својата дивизија и ќе го чека ривалот во плејофот. На последното гостување во Торонто, Меси, Суарез и Бускетц влегле од клупата за резерви. А на терен влегло и едно дете кое трчало да се сликне со Лео. Ама се пуштил и неговиот главен обезбедувач, поранешниот маринец кој заработува сега околу 3,5 милиони долари годишно да го чува Меси.

Пикси до Максимовиќ: Кај си бе Јамал?

Србија игра со Швајцарија дома и со Шпанија на гости во следните две кола од Лига на нации. Селекторот Драган Стојковиќ изненади со ново име во репрезентацијата. Го повика 17 годишниот Андрија Максимовиќ, кој одигра многу храбро во дресот на Црвена Ѕвезда на гостувањето против Интер во ЛШ.

Најважните голови во кариерата на Андрес Иниеста кој се збогува со фудбалот

Легендарниот шпански фудбалер и еден од клучните играчи на неверојатната генерација на Барселона која жареше и палеше ширум светот, реши да стави крај на фудбалот и заминува во пензија.

Лудорија од голчиште во македонската футсал лига

Немаме баш увид што се случува по салите во нашата футсал лига, ама од време на време знае да се појави по нешто на социјалните мрежи. Ви го претставуваме Зоран Тасески од КМФ Бутел 2022, кој на мечот против КМФ Клими го постигна голот на сезоната. Футсал убавина за сите пари. Зоран Тасески - Рикардињо.

Најмрднатата голманска прослава во историја

Во Брегот на Слоновата коска паѓа голчиште од слободен удар. Секоја чест за голот, ама погледнете го вие што прави голманот од радост.

Ете го тој што вика во Лил

Француски Лил забележа историска победа откако со 1-0 го совлада големиот европски шампион Реал Мадрид. Триумфот го прославија илјадници навивачи на трибините а највесел беше спикерот кога го нафрлуваше името на стрелецот на голот Жонатан Давид од пенал на публиката.

Му рекол да го батали Хванг зошто глуми Џеки Чен, ФИФА го репнала 10 меча суспензија

За време на пријателски натпревар летово меѓу италијанскиот прволигаш Комо кој го предводи Сеск Фабрегас од клупата и англиски Вулверхемптон, италијанскиот фудбалер Марко Курто после еден дуел и вербална расправијана на негов соиграч со Кореецот Хванг, му рекол „да го игнорира Хванг зошто се замислува дека е Џеки Чен“.

Фудбалер на Ливерпул се појави маскиран на репрезентативен собир

Французите се собраа на повикот на Дешамп кој треба да ги спреми за гостувањето против Израел во четврток, во Лига на нации. Доаѓаа еден по еден. Што е со модава на Ибрахима Конате?

Руне ја послуша мајка му и го загуби поенот

Интересна сцена фатија камерите на мечот меѓу Руне и Беретини на АТП турнирот во Шангај. Мајка му на Руне му сугерира на следниот сервис да се брани на форхенд, а Италијанецот му се сервираше на бекхенд. Само да му ја видите реакцијата. Инаку Руне победи 2-1 и се пласираше во трето коло.

Журката на колото во Рим

Ова што го прави Лацио на стартот на секоја сезона е фасцинантно. Со крпеница од тим, со претседател кој повеќе мисли да фати попладневна дремка отколку да склопи добра екипа конкурентна за трофеи, Лацијалите отворија одлично. Имаат 13 бода после 7 меча во Серија А и се на четврто место. Во Лига Европа се први на табела од 21 клуб со две победи (0-3 и 4-1). Минатиов викенд го совладаа тврдиот Емполи после пресврт со гол на ветеранот Педро во 85-та минута. Цел „Олимпико“ на крај го грмеше италијанскиот мега хит „Педро, Педро, Педро“ од Рафаела Кара.

Емотивно збогување со фудбалот на Иниеста

После 24 годишна величествена кариера во која освои 35 трофеи од кои 29 со Барселона, 3 со Висел Кобе и 3 со Шпанија, великанот на фудбалот Андрес Иниеста ја завршува играчката кариера на 40 години. Што е за тебе фудбалот? Одговорот на Иниеста е солзи. Во емотивното видео за него зборуваа Луис Енрике, Пеп Гвардиола, Луј ван Гал, Висенте Дел Боске.

Неста ги насмеа новинарите кога доби прашање за судијата

„Што мислиш за тоа што на мечот Монца - Рома судијата е од Рим?“, гласеше прашањето за тренерот на Монца, Алесандро Неста? Можеби е лацијал и ќе навива за нас, одговори изненадно поранешниот капитен на Лацио и додаде дека сепак не верува во задни намери, туку во добрината на луѓето.

Палмер мајсторе, како ли ти успеа ова?

22 годишниот Кол Палмер е дефинитивно иднината на англискиот фудбал. Лани даде 25 гола, сега има 6 после 9 настапи. Погледнете му го триков еден на еден. Со еден допир, ја прими топката и даде фелш и го издрибла својот чувар. Огромна штета што не успеа да постигне гол. Ќе беше минимум гол на месецот.

Со „Среќна 13-ка“ на Спорт Лајф секој месец добивки до 120 илјади денари

Акцијата се однесува на тикетите на кои се типувани и погодени 13 натпревари, со минимален коефициент по натпревар од 1,4 и со минимална уплата од 20 денари.  

Како се одржува теренот на стадионот во Дортмунд?

„Сигнал Идуна Парк“ или „Вестфален“, стадионот на Борусија Дортмунд летово не се прослави на Европското првенство затоа што на два меча при страшно обилни дождови од град кровот прокиснуваше на некои делови. Но теренот е чиста 5-ка!

Жунињо од Долни Дисан

Слога Лажани - Венец Долни Дисан (2:6), трета македонска лига, ни носи клип од оние што секогаш со душа ги чекаме. Со автентичен стадион за наши услови и слободен удар на мајстор Марјан Илов.

Најдоцниот хет-трик во историјата, ненормален пресврт во Норвешка

Во натпревар од третата норвешка лига, Мадла ИЛ на гости водела со 0-2 против Фрам. Домаќините во судиско продолжение прават невозможен пресврт. Хет-трик на Брајан Лисебо Јонахсен и тоа во: 92’, 94-та и 96-та минута. Му требале само 255 секунди за тоа.

Голот на Скот Мектиминеј за Наполи за 26 секунди

Наполи со 3-1 го совлада Комо а резултатот го отвори Скот Мектоминеј, најголемото летно засилување за тимот на Антонио Конте и тоа со гол во 26-та секунда. После 7 кола во Италија, Наполи е прв со 16 бода. Наполитанците имаат 5 победи, 1 нерешена и 1 пораз.

Дончиќ ја запрепасти салата со кош од крај до крај

Лука Дончиќ доживеал ситна мала повреда пред стартот на новата НБА сезона, но очигледно дека веќе се опоравил. Суперѕвездата на Далас Маверикс на отворениот тренинг на екипата, пред навивачите, направи нов луд потег. Се кладел со центарот Дерек Лајвли (на Твитер Лука му пишал на Дерек 100к што означува наводна кладба во 100.000 долари) дали ќе погоди од кош на кош.

Историски момент за НБА, Леброн заигра заедно со син му

„Кога стоевме еден до друг и го погледнав, беше како да сум во Матрикс“, изјави Леброн после мечот.

Голем судиски скандал во Турција, судијка суспендирана поради секс со надлежен

Во турскиот фудбал, на 24-годишна фудбалска судијка и 61-годишен надлежен судиски комесар Орхан Ердемир им се одземени лиценците поради кршење на правилникот. Оваа казна ја изрекол Дисциплинскиот совет на аматерскиот фудбал при Фудбалската федерација на Турција. Причина? Излегло видео на кое тие двајца имале однос.

Рики не заборава

Динамо Загреб го победи Вараждин 1:0 во 9. коло од хрватскиот шампионат, а по завршувањето на мечот Стефан Ристовски направи прекрасен гест. Детете кое минатата сезона на гостувањето во Вараждин втрча на терен, а тој им го зема на обезбедувањето од раце, овој пат го симна од трибина за да му подари дрес.

Како ли успеа да го промаши ова Влаховиќ?

Таман влезе во одлична серија од 5 гола на последните три меча, Душан Влаховиќ се посрамоти викендов. Даде гол од пенал во 15 минута, но потоа шутна несфатливо лошо пред гол, непречен од никого. Каљари ги постави конечните 1:1 во 88-ма минута.

Голманот на Жирона и согирач на Миовски фати три пенали!

Голманите беа главни јунаци викендов. Во Италија на мечот Фиорентина - Милан се досудија 3 пенали и сите три ги одбранија голманите Де Хеа (2) и Мењан (1). Во Жирона пак се случи фудбалско чудо какво што не се памети мноооооооогу одамна. Аргентинскиот голман и соиграч на Бојан Миовски, Пауло Газанига на мечот со Билбао одбрани дури 3 пенали! Едниот што го одбранил бил поништен па повторно изведен, па го фатил и тој. Вкупно 3 за победа на крај од 2-1 и важни 3 бода за Жиронците.