Џон Тери за напаѓачите во Премиер лига сега и во негово време

Легендата на Челси извади интересна компарација во однос на центарфорите, а со тоа и ги потсети носталгичарите на англискиот фудбал, какви имиња уствари продефилираа во негово време.

Тери е најтрофејниот капитен во историјата на Челси со 15 трофеи од кои 5 титули во Премиер лигата, а во играчка пензија замина во 2018-та, како член на Астон Вила.

Беше страв и трепет во одбрана, стопер со авторитет, но сега се обидува да се стави во обратна ситуација, а тоа е како би му било ако е актуелен играч.

Само еден напаѓач истакнува дека би му претставувало проблем за чување, а тоа е Халанд. Признава дека со физичката подготвеност им создава проблеми на дефанзивците, но жали за недостатокот на врвни напаѓачи во денешно реме.

„Мислам дека со исклучок на него, би ми било доста удобно ако сега бев активен играч во Премиер лигата. Кога ќе се осврнам на мојата ера и напаѓачите против кои играв, секоја недела беше тежок натпревар за мене. Секој тим со кој се соочувавме имаше врвни напаѓачи. За жал, во моментов го нема тоа во Премиер лигата“, вели Тери

И сега внимавајте добро, на какви маки бил англискиот стопер во негово време, со што само не потсети на таа врвна банда.

„Против Арсенал, играте против Анри и Бергкамп. Против Манчестер Јунајтед, требаше да се соочам со Руни, ван Нистелрој, Тевез. Против Ливерпул, Мајкл Овен, Емил Хески, а потоа Суарез и Торес. Против Болтон, Кевин Дејвис. Против Сандерленд, Дарен Бент. Во Тотенхем напред беа Џермејн Дефо, Хари Кејн...

Инаку Тери за англискиот печат зборуваше на уште неколку теми од минатото. Открива дека имал понуда од Манчестер Сити и жали што испуштиле да го купат Серхио Агуеро, пред да замине на Етихад.

19 декември 2025 - 15:31