Луѓето од Хајдук биле во посета на Националниот стадион „Техелне поле“ во Братислава каде игра Слован и репрезентациајта на Словачка. Тој стадион Сплиќани го сметаат за идеален модел за изградба на нов стадион на Хајдук.
„Тоа е прв стадион кој службено го посетивме (за време на мечот против Хакен од Лига Конференции) во потрага по проект што би бил корисен за нас. Градот во моментов ја разгледува изградбата на нов стадион а една од локациите е многу мала. Затоа овој проект е идеален за нас зошто е со споредбена големина. Би сакале малку поголем капацитет, но во принцип тоа е стадион кој совршено би одговарал на локацијата. Импресивен проект“, рекол Иван Билиќ, претседателот на Управен одбор на Хајдук.
Националниот стадион „Техелне поле“ во Братислава е отворен официјално на 3. март 2019-та година на дербито меѓу Слован Братислава и Спартак Трнава. Има капацитет од 22.500 гледачи колку што би требало да има и новата арена во Сплит до евентуално 30.000 гледачи.
„Градот прво мора да го заврши целиосниот аналитички процес. Првите резултати ги очекуваме кон крајот на февруари, тогаш ќе знаеме повеќе. Ова е долгорочен проект и новиот стадион сигурно нема да биде изграден во краток рок“, рекол Билиќ.
Се очекува и големо влијание од навивачите на Хајдук Сплит коишто се и тоа како важен фактор во одлуките околу клубот.