Лука Дончиќ даде 45 поени, Лејкерс ја покорија Јута

ЛА Лејкерс забележи уште една победа, 19-та во сезоната, овојпат против Јута Џез 143-135. Лука Дончиќ блескаше, а одлично го следеа Леброн Џејмс, Маркус Смарт и Џексон Хајс.

Лука Дончиќ на одличен начин го води Лејкерс. Го запиша и својот петти трипл-дабл сезонава. Постигна 45 поени, 14 асистенции и 11 скока во триумфот над Јута Џез 143-135 во „Делта Центар“ во Јута.

Дончиќ во отсуство на Деантре Ејтон и Остин Ривс имаше голема поддршка од Леброн Џејмс кој забележа 28 поени со 10 асистенци и од Џексон Хајс кој уфрли 16 поени со беспрекорен шут 7/7 од поле.

Лука Дончиќ, како петкратен МВП учесник, сезонава има просек од 34,7 поени, 8,8 асистенции и 8,7 скока. Лејкерс има 19 победи и 7 порази и е на 3. место на Западот зад Тандер и Денвер Нагетс.

Интересно, на средина од третиот период Дончиќ доби техничка грешка откако прво судиите му досудија неправилно водење а тој само се насмеа:

 

19 декември 2025 - 09:52