Offside

„Велат дека треба да се спие истовремено кога спие и бебето - а јас тренирав“, вели најголемата хероина на овогодинешниот најпрестижен светски тениски настан Вимблдон.

Татко на сезоната

Бока Јуниорс е фамилија, гласи паролата на навивачите на трофејниот и славен аргентински клуб. Од коло во коло тоа го докажуваат, а пример за тоа е еден одговорен татко со своето мало дете на трибините на „Бомонера“.

Како Неста му клизаше на Меси на 36 години

Лига на шампиони 2012-та во четвртфинале се среќаваат Милан и Барселона. 24 годишниот Меси мораше да се справува со 36 годишниот Неста, кој важеше за еден од најтешките дефанзивци за проаѓање. Неста после мечот изјави: Меси треба да му се заблагодари на Бога што не се соочи со мене кога имав 26.

Најдоброто од полуфиналињата Надал - Алкараз, Ѓоковиќ - Синер

„Слемот на шесте кралеви“ кој се игра за прв пат, а домаќин е Саудиска Арабија, стаса до финале откако младоста го победи искуството или поточно ветераните.

Неверојатниот пресврт на Жалгирис за кој се зборува во Евролига

Уште долго ќе се зборува за неверојатниот подвиг кој го направи литвански Жалгирис на гостување кај Армани Олимпија Милано во Евролига. Литванците пред крајот од третиот период губеа со дури 27 разлика (64:37) а на крајот славеа 85:82. Ова е втор најголем пресврт во историјата на Евролига. Рекордот го држи Асеко Проком кој во 2012/2013 славеше со Монтепаски Сиена 95:88 иако губеше со 28 поени разлика.

Навивачи на Вардар до Миленко: Од вакви партиски полтрони избега цела младина од Македонија

„Тоа здружение со кое се потсмева, беше формирано како жртва на навивачи на Вардар за да го спасат клубот од пропаст, додека он не знаеше ни каде се наоѓа стадионот во минатите 25+ години, откако претходно распадна два други прволигаши. Тоа здружение направи една приказна на која секој во светот може да позавиди и која тие што партиски те инсталираа во Вардар, многу паметно си ја користеа во својата кампања“.

Михаел Балак во стриптиз бар

Ќе даваат снимка или ќе видиш резултат, се двете најглупи решенија кога ќе ти ги каже некој за битна утакмица. И за Балак тие не постојат.

Интересен проштален меч на јапонски судија

Додека го испраќаа 52-годишниот јапонски судија Нобуцуку Мираками со шпалир и аплаузи, еден фудбалер се сетил како да му пружи прилика за последниот жолт картон во кариерата. Го соблекол дресот и така му посакал среќна пензија. Си доби жолт картон а некои во мајтап велат дека го пропуштил следниот меч поради парни картони.

Топ 10 поени на Рафа Надал

Тешко дека може да се направи адекватен избор на најјаки 10 поени од кариерата на човек со 22 Гренд слем титули. Изборот сепак не е лош, напротив фантастичен е и се гледа во еден здив. Пола од овие магии му се против Ѓоковиќ. Лета по теренот и тогаш кога ќе помислите дека само се труди да врати топче од тешка позиција, тој пука проектил.

Фудбалска Англија се буни зошто Германец ќе им биде селектор

Фудбалската федерација на Англија (ФА) денеска и официјално го претстави новиот селектор на репрезентацијата, германскиот тренер Томас Тухел.

Нилсен му рече „не“ на Дибиров и тоа два пати по ред

Барселона го доби Загреб на гости 29:31 и има 5 од 5 во ЛШ. Ветеранот Тимур Дибиров кој уште не се дава и на 41 година, остана на само 2 гола бидејќи се соочи со Емил Нилсен, еден од најдобрите голмани во светот. Инаку за Нилсен, кој е светски и олимписки првак со Данска, се зборува дека добил понуда за нов договор во Барселона, со што би станал најплатен заедно со Дика Мем, а истовремено го бараат и во Веспрем.

Премиите во ракометната Лига на шампиони се колку за семки

Океј, во фудбалот се забега со парите, ама ова што го најдовме за ракометот е смешно. Сметка за струја не може да плати човек со парите од ЕХФ, барем што се однесува до премијата за освоен бод.

Да решиш градско дерби со мајсторија во 90-та

Големото градско дерби меѓу Данубио и Пењарол во Уругвај завршило 0-1 со гол на гостите во 90-та минута од мечот. И тоа каков гол од слободен удар на Лео Фернандез.

Се претера со прославата на Роналдо

Плус со копачки на паркет, каков сакаш да биде резултатот бе дете?

Фамозната труба на стадионот на Олимпијакос

Грчки Олимпијакос, актуелниот шампион во европската Лига на Конференции има верна публика. Навивачите секогаш ги почнуваат натпреварите со една химна од труба. Секогаш е присутна на стадионот „Јоргос Караискакис“ во Пиреја.

Моќно филмско видео за „Слемот на шесте кралеви“

Карлос Алкараз и Јаник Синер ги елиминираа Холгер Руне и Данил Медведев во четврфиналињата на егзибицискиот турнир „Слемот на шесте кралеви“. Полуфиналните двојки се Синер - Ѓоковиќ, Алкараз - Надал. Домаќите ги пречекаа шестмината тениски асови со по 1,5 милиони долари само за учеството, а победникот во Ријад, Саудиска Арабија ќе си замине дома со мега премија од 6 милиони долари. За споредба, на УС опен како најбогат Гренд слем, шампионот заработува 3,6 милиони. Уживајте во филмското ремек дело Six Kings Slam направено во стилот на Game of Thrones.

Кој е Омар Мармуш - Египќанецот кого го бара пола Европа?

Мохамед Салах, најдобриот египтески фудбалер на сите времиња, ги разби предрасудите за „мрзеливи“ египетски фудбалери а сега се појавува и негов потенцијален наследник кој игра во Бундеслига.

Кога Пикси даде гол од пола терен, од аут-линија

На денешен ден пред 15 години, тогаш како тренер на Нагоја Грампус, Драган Стојковиќ - Пикси кој сега е селектор на Србија, здрви еден волеј додека стоеше во тренерскиот простор крај аут линијата на пола терен.

Фото на денот со новиот голман на Барселона

Поради зорт со голмани, Барселона го врати од пензија Војчех Шчесни за да го замени Тер Штеген кој ќе го нема долго поради повреда. Ама се крена врева зошто пушел.

Тони му се жали на Гвардиола за тактиката со лажна 9-ка

Лука Тони, Пеп Гвардиола и Един Терзиќ во опуштено издание со винце од кафана. „Лажните 9-ки го уништија фудбалот. Четири години не можев да најдам тим. Пеп ти се допаѓаат напаѓачите?“, го прашува Тони. „Штом Халанд има 60 гола“'... одговори Гвардиола.

Миленко Неделковски: Вардар е леш кој треба да се оживее со долг од над 7 милиони евра

„Од летоска до сега во Вардар се влезени и потрошени над 500.000 евра. За 3-4 недели следува собрание на акционери на кое ќе ја назначат новата управувачка структура. На Панчев, Попов, Седлоски....до крај на живот им е забранет влез на Северна трибина, бидејќи тие го блокираа Вардар“, вели Миленко.

Кристијано Роналдо бесен го напушти стадионот на кој првпат играше

Португалија одигра само 0-0 против Шкотска на гости. Кристијано Роналдо во кариерата има играно на стотици стадиони, но интересно е што никогаш не настапил на „Хемпден Парк“ во Глазгов. Синоќа за првпат истрча на овој терен и не постигна гол. На крајот беше бесен ко рис затоа што судијата Лоренс Висер од Белгија досуди крај на мечот и не дозволи Португалците да изведат корнер.

Го прашуваат Озил: Меси или Роналдо?

Месут Озил играше три сезони со Кристијано во Реал, ама даде мангупски одговор на прашањето и доби аплаузи од сите.