Барселона барала од Левандовски да не дава голови, за да не плаќаат бонуси на Баерн

Во ноември во Полска излегла биографијата на Роберт Левандовски во која имало многу интересни и еден несекојдневен детал - Барса барала од Роберт да не дава голови пред крај на сезоната 2022/2023 за да не мора да го плаќаат бонусот на Баерн Минхен.

Тогаш во таа 2023-та по освоената шампионска титула во Ла Лига на неколку кола пред крајот, Левандовски формално уште се бореше со Карим Бензема за наградата најдобар стрелец во шпанскиот фудбал. И Левандовски остана без голови против Мајорка (триумф 3:0) и Селта Виго (1:2).

Полјакот ја заврши сезоната со 23 погодоци.

Барселона, ако и се верува на новата биографија за најдобриот полски фудбалер во историјата, заштедила 2,5 милиони евра колку што ќе требала да му плати на Баерн Минхен ако Роберт Левандовски дал 25 гола.

КАКО ЗВУЧИ ТОА ВО КНИГАТА?

Биографијата на Левандовски ја напиша Себастијан Сташевски. Полскиот новинар разговарал долго не само со Томас Милер, Гави и Жоан Лапорта туку дознавал детали за барањето на Барселона и од самиот Лева (се познаваат веќе 20 години).

„Прво сакав да ја напишам книгата без гласот на Роберт. Но тогаш со Левандовски седевме еден наспроти друг и завршивме со разговор дури после десет часа. Тој се чувствуваше некомфорно, а јас понекогаш му поставував дури и остри прашања. Роберт ги примаше како дуел, не само со мене туку со целиот свет“, вели Сташевски.

Новинарот вели и дека внимателно приоѓал на проверката на факти:

„Ако сакав да напишам бајка за Левандовски, тоа ќе го сторев без проблем. 

 

Роберт има многу непријатели, има луѓе кои сакаа да му наштетат. Но нивната приказна не би можела да биде потврдена од друг извор или интерпретација поинаква од мојата. А јас сакав да бидам праведен“, вели новинарот Себастијан.

Притоа авторот не сакал да обликува идеален херој, туку ја изучувал личноста со сите контроверзии.

„Испадна дека иако и јас сум пријател со Роберт повеќе од 20 години, на крајот малку сум знаел за него. Во книгата има многу нови детали за неговата кариера, но она што ја издвојува (биографиајта) од другите е нејзиниот најсеопфатен психолошки профил. Биографијата не е наменета само за навивачи, туку за сите кои би сакале да дознаат повеќе за извонредниот напаѓач“.

Врвниот голман на Полска, на Арсенал, Јувентус и сега Барселона Воичех Шчесни за биографијата вели:

„Сташевски е толку доследен што станува и досаден и толку е љубопитен што станува раздразлив. Но токму тоа му овозможило да и се приближи на вистината за Роберт“.

Во оваа биографија насловена „Левандовски. Правиот“ биле опишано и подробности за чудниот крај на сезоната 2022/2023 кога Левандовски со неговите голови и донесе шампионска титула на Барселона. А кога веќе ја осигурале титулата, Левандовски го викнале на средба со управата и претседателот Лапорта.

Како што пишува Сташевски, еден од директорите му предложил на Полјакот нешто што го збунило: „Роберт, сакаме да прекинеш да даваш голови на последните неколку натпревари“.

Сè било поради пари. Барселона морала да му плати на Баерн Минхен бонус од 2,5 милиони евра ако Левандовски постигне 25 голови во една сезона во Ла Лига. Веројатно на таква молба влијаел факторот за решена титула. Натпреварите против Мајорка и Селта веќе ништо не значеле.

Тогаш играчот го погледнал директорот во чудо: „Иако прашањето за титулата беше веќе решено, како и наградата за најдобар стрелец, за повеќе од десет години кариера на топ ниво никој ниеднаш не побарал од него да престане да дава голови“, пишува новинарот во биографијата.

Роберт ги одигра двата натпревари до крај против Мајорка и Селта во целост и остана без голови (иако до тие два дуели на пет натпревари во Ла Лига постигна шест гола). Оваа молба не влијаела тој да остане лидер по бројот на голови во Ла Лига и ја доби наградата за најдобар стрелец.

Но тоа не му засметало воопшто на Левандовски. Напротив тој во летото 2023-та после титулата радосно раскажувал колку му е комфорно во екипата. „Ова беше многу добра сезона. Не е лесно да се освојат сите трофеи во период на селидба, но сега ги имаме сите потребни услови. Секојдневниот живот во Барселона е фантастичен!“.

А веќе во третата сезона Роберт постигнал 27 гола и клубот му платил тогаш бонус на Баерн Минхен. Ули Хенес дури еднаш кажал дека тие 2,5 милиони евра биле најубавиот подарок кој Баерн го добил од Левандовски.

Факт е дека во тоа време Барселона буквално водела сметка за секое евро.

„Има работи за кои не сакам да зборувам. Многу ја ценам Барселона и луѓето кои таму работат. Јас бев среде таа ситуација во клубот. Имаше многу други прашања кои клубот мораше да ги реши. Кратко да кажам, тоа беше бонус и сите знаат дека во тоа време Барселона го ценеше секое евро, а во овој случај не беше тоа мала сума. Мене тоа ништо не ми смени. Немав проблем со тоа, но ми се всади во глава и размислував дали да давам гол или не“, опишува Пољакот.

29 декември 2025 - 11:09