Нацоски: Кога пред 27 години почнав да живеам во Италија почнав да навивам за Лацио, кога таму играа Михајловиќ и Станковиќ кои го освоија Скудетото. Ми останаа тие сеќавања.
Панчев: Тоа беше можеби најсилниот тим во историјата на Лацио. И јас бев таму во времето на Крањоти. Со него Лацио беше најсилен. Потоа дојде Лотито, кога играше и нашиот Пандев. Но, Лотито дојде да му помогне на Лацио (финансиски), не за да гради голем тим, а тоа е голема разлика. Ти каде живееш?
Нацоски: Во Џенова. Панчев: Убав град и е блиску до Милано.